Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 важни лекции кои двојките во врска мора да ги знаат

Гаранција за среќна врска, не постои, освен доколку не се потрудите самите да ја одржите врската здрава.

7-lekcii-koi-dvojkite-vo-vrska-mora-da-gi-znaat-1

Обично нашето знаење и способности ги стекнуваме од претходните искуства, но тие нема да ви бидат од помош доколку не знаете правилно да ги употребите.

Ако досега овие лекции не сте ги научиле, дознајте ги и обезбедете си доживотна среќа:

1. Добрината прави чуда

Добрината е препознатлива како карактеристика на малкумина. Животот е динамичен и брз, па честопати ја забораваме оваа клучна алатка за успешна врска, но и брак. Не морате да вложувате посебен напор за да ја покажете добрината, туку преку неа започнете да влијаете.

2. Сите имаме лоши денови

Ако партнерот има лош ден, немојте веднаш да ја сфаќате ситуацијата премногу лично. Секој од нас се соочува со различни стресови, а бидејќи не можете да бидете во кожата на партнерот едноставно дајте му ја потребната поддршка.

3. Заборавете на кавгите во јавност

За сѐ има време и место, па така и за кавгите. Во секоја врска постојат одредени несогласувања, но тоа не значи дека проблемите требате да ги решавате пред пријателите или пак во кафуле.

7-lekcii-koi-dvojkite-vo-vrska-mora-da-gi-znaat-2

4. Простете кога е потребно

Дури и ако некогаш партнерот или партнерката не е во право, сепак соберете храброст и простете. Мора да разберете дека никој не е совршен, а наместо да се држите за минатото зграпчете ја иднината.

5. Позитивните емоции се од есенцијално значење

Заедничкото смеење и споделувањето радост ги лечи луѓето, но и ги спојува. Заедничкото смеење има моќ да се бори против тензиите и стресот. Останете позитивни и секогаш наоѓајте начини да бидете весели.

6. Јасно комуницирање

Без скриени чувства, без читање меѓу редови и без премолчени зборови...комуницирајте јасно и гласно кажете што имате. Не секој може да знае што другиот мисли или пак да ги прочита вашите скриени мисли.

7. Чувство на приврзаност

Со приврзаноста ја докажувате љубовта што ја имате еден кон друг. На овој начин ги искажувате страста, чувствата и покажувате дека сте подготвени да се потпрете еден на друг.

Запомнете, здрава и среќна врска содржи многу правила, но овие лекции се клучни за нејзина долготрајност и успех. 

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg