Дали да и верувате?

dali-da-i-veruvate-povekjeБез разлика дали го изневерла, го ограбила или му уништила некое пријателство - на некои жени едноставно не може да им се верува и подобро е тоа...

 

...да се знае пред да го почувствувате на вашата кожа или срце.

Запознавање на нејзините блиски

Ако девојката планира да те искористи, а потоа да те откачи нема да троши време да те запознава со нејзините најблиски пријатели или членови на фамилијата.

Шансите да те задржи во нејзиниот живот доколку го имаш запознаено поголем дел од нејзиниот круг на пријатели се доста поголеми. Да имате добра пријателска врска со нејзините пријатели е добар знак на врска во која можете да верувате.

Моментално одлучува и е таинственаdali-da-i-veruvate

За да и се верува на девојка треба да се смета и на тоа дали таа се појавува секогаш кога ќе каже, доколку ви одговара на повиците и секогаш е слободна за вас и ви кажува за сите планови, таа е личност во која треба да се има доверба.

Од друга страна пак, ако таа прави планови во последната минута, и требаат денови дури да одговори на вашиот повик и не ви кажува за плановите кои не ве вклучуваат, тогаш можеби има за што да се плашите.

Секако дека не треба да ја следите секаде каде што ќе мрдне преку денот, но девојка на која и се верува би ви кажувала за сите планови што ги има и ништо не би криела од вас.

Има нормални пријателски врски со нејзините претходни дечковци

Иако не би верувале доколку вашата девојка има добри односи со нејзините претходни дечковци, тоа и не е толку лош знак.

Се разбира никој не би сакал таа да е најдобра другарка со претходните дечковци, но доколку таа ви кажува дека претходните врски и биле хорор приказни, проблемот е во неа.

Една или две пропаднати врски се во ред, но доколку таа ги мрази сите претходни врски, тогаш не се сомневајте дека ќе се вклучите и вие во таа листа набрзо. Не и верувајте на девојката која не знае да каже ништо добро за вашите претходници.

Никогаш не сте ја фатиле во лага

Некои луѓе се добри лажговци, но и најдобриот некогаш мора да се фати во лагата. Дури и белите лаги се проблем ако се доста чести. Малите лаги можат да се претворат во огромни предавства со текот на времето. Па затоа ако ја фатите во лага прашајте ја зошто не ви ја кажала вистината.

Ако никогаш не дознаете зошто ве излажала, тогаш или таа е вистина шампион во лажење, или заслужува да ја има вашата доверба.

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg