Девојки, освојте ја летната симпатија на 5 начини

Ако не сте доволно храбри сами да ја завршите цела работа, викнете ги на помош и другарките. Лето е, не се познавате, а може да се случи и да ве одбие. Затоа, за секој случај, имајте некој позади себе.

devojki-osvojte-ja-letnata-simpatija-na-5-nacini-01

Сигурно има некој кој секојдневно го гледате на плажа или во кафулето каде одите најчесто, но сè останува само на симпатија, затоа што немате храброст да направите нешто повеќе.

Но, време е да ги преземете работите во свои раце и да го освоите на некој од следниве начини:

Директно

Бидете директни и кажете му отворено веднаш дека ви се допаѓа или дека сакате да излезете со него. Видете како ќе изреагира во неочекувана ситуација. Најлошото нешто е да ве одбие, но ќе знаете дека сте се обиделе, па нема веќе да си го трошите времето на него.

Индиректно

Ако не сте доволно храбри сами да направите сè, тука се пријателките. Поврзете го вашето со неговото друштво, почнете да комуницирате, па ќе биде многу полесно да се запознаете.

Честете го пијалак

Момците се навикнати да ги честат девојките, но ако ја промените играта може и токму тоа да му се допадне. Испратете му пијалак преку келнерот мавнете му со раката кога ќе го добие. Така ќе го направите првиот чекор и ќе ја префрлите топката на негов терен. Сигурно нема да може да го игнорира тоа.

devojki-osvojte-ja-letnata-simpatija-na-5-nacini-2

Предизвикајте го

Летните спортови се насекаде околу вас, а тоа е идеална прилика да го привлечете неговото внимание. Соберете ги пријателките и предизвикајте ги него и неговите пријатели на еден меч во одбојка на плажа, кој ќе изгуби плаќа пијачки.

Замолете го да ви ги причува работите

Ти и пријателките сакате да влезете во вода заедно, но страв ви е да ги оставите торбите и пешкирите без надзор. Замолете го да ви направи услуга и да ви ги причува работите, па кога ќе се вратите вие може да го направите истото за него. Идеален начин за да се запознаете и да го продолжите дружењето после пливањето.

devojki-osvojte-ja-letnata-simpatija-na-5-nacini-1.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg