Љубовни митови: Причини заради кои сте сами

Идеалниот партнер нема да ви падне од небото, туку за да го пронајдете потребен ви е план по кој ќе се движите...

ljubovni-mitovi-pricinata-zaradi-koja-ste-sami-1

Многумина посакуваат да ја пронајдат љубовта на својот живот, но не сите се подготвени да преземат нешто околу тоа. 

За почеток погледнете критички кон овие неколку љубовни митови, а потоа променете ги вашите ставови и вложете поголем труд.

Мит 1: Среќата е клучен фактор во љубовта

Среќата има многу малку заедничко со романтиката, а повеќето луѓе активно се ангажираат околу потрагата на идеалната љубов и се надеваат на најдоброто. Она што ви недостига не е среќата, туку стратегија и план на делување.

Мит 2: Судбината ги склопува браковите

Овој мит е повторно поврзан со првиот, кој зборува околу тоа дека врските и браковите се однапред дефинирани и се надвор од дофатот на нашите раце, односно дека ние како обични смртници не можеме да делуваме. Но, далеку од тоа дека не можеме, напротив ако вие не ја донесете одлуката тоа ќе го стори некој друг наместо вас. Ако велите дека Бог е оној кој ги склопува браковите, сетете се дека вашиот Бог ви подарил слобода на избор.

Мит 3: Секој има право само на една љубов

Постојат многу партнери за нас, а ние треба да го пронајдеме оној кој најмногу ни одговара. На пример, постојат многу куќи во кои би можеле да живеете среќно исто како што постојат многу луѓе во кои би можеле да се заљубите. Клучот се состои во тоа вие самите да одредите критериуми, да ги преземете вистинските акции и да ја оставите природата да го направи своето.

Мит 4: Сите добри се веќе зафатени

Запознавањето на партнер нема никаква врска со бројки и статистики, а вас ви е потребна само една личност која ви одговара. Без разлика дали сакате или не сакате да пронајдете партнер, не зависи од бројот на слободни мажи или жени туку од големината на вашата желба. Колку повеќе посакувате сериозна врска и колку повеќе сте енергични и активни, толку повеќе вашите шанси за неа се зголемуваат.

Мит 5: Нема пристојни места на кои би можел човек да излезе и да запознае некого

Овој мит е одличен пример за вообичаените тактики со кои се служат луѓето кои се незаинтересирани за дружење и запознавање на нови луѓе. Факт е дека оваа реченица најчесто ја користат луѓе кои штотуку раскинале или сѐ уште се заљубени во поранешниот партнер, па потајно се надеваат дека ќе се смират. Кога сакате да пронајдете и запознаете некој, локацијата ќе ви биде најмал проблем.

Мит 6: Ќе изгледам очајно

Доколку имате позитивен став за врските, тогаш ќе ги привлечете кон себе. Со константното зборување дека ќе изгледате очајно, дека не ви е потребен никој или глумите дека не сте заинтересирани за врска вие само ги „бркате” потенцијалните партнери од вашиот живот.

Мит 7: Никогаш нема да запознам некој кој е привлечен, паметен...

Нема ништо лошо во дефинирање на карактеристики кои посакувате вашиот партнер да ги поседува. Но, ако повеќе се концентрирате на туѓите маани отколку доблести, тогаш се движите во погрешен правец. Дајте им шанса на луѓето да се покажат пред вас и променете го вашиот став.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg