5 знаци дека бракот ви е во криза

Речиси секој брачен пар ќе се согласи дека одржувањето на бракот не е ни малку лесно.

5-znaci-deka-brakot-vi-e-vo-kriza-01.jpg

Прекрасно е да сакаш и да имаш пријател истовремено, но кога ситниците од секојдневието ќе се соберат, лесно е да ја изгубите среќната слика и вашиот пријател да прерасне во непријател.

Како да знаете дека вашиот брак е во криза?

1. Одите на спиење во различно време

Знаете како е, еден од вас е поспан и сака да спие, а другиот е ноќна птица која попрво би изгледал цела сезона од омилената серија, отколку да ви се придружи.

Кога ќе започнете да легнувате во различно време, се случуваат 3 работи: престанувате да ги водите оние кратки, искрени разговори пред заспивање, помалку се мазите, а автоматски и поретко имате секс.

2. Станувате рамнодушни еден кон друг

Ако мислите дека секој пар кој се разведува чувствува омраза грешите. Омразата е чувство, што ја прави многу поблиска до љубовта. Спротивно на тоа, рамнодушноста е главниот кривец за распад на браковите.

3. Разговарате само за децата

Децата се прекрасни, но кога целата ваша врска се темели врз децата, имате проблем. Со ова се согласуваат сите стручни лица кои тврдат дека на овој начин најлесно ја губите поврзаноста и интимноста како пар.

4. Престанавте да се расправате

Сите мислат дека расправиите го завршуваат бракот, но тоа е уште едно погрешно уверување.

Расправиите се интимни затоа што психички пополно се концентрираме на личноста со која се расправаме.

5. Се чувствувате исклучени од неговиот/нејзиниот живот

Кога ќе започнете да криете работи еден од друг, тогаш си го правите најлошото. Ако сакате бракот да ви опстане, едноставно престанете да го правите тоа. Да, толку е едноставно.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg