Работи заради кои врските пропаѓаат уште на почетокот

Сигурно барем еднаш ви се случило вакво сценарио: Сте отишле на состанок еднаш, можеби двапати или трипати и таман почнавте да размислувате каде води сето тоа, тој исчезнал.

poradi-ovie-raboti-vrskite-propagjaat-uste-na-pocetokot-01

Ако ви се случило само еднаш веројатно не е до вас, но ако скоро секој следен така реагира, тогаш сигурно правите нешто погрешно.

Проверете дали се пронаоѓате во следниве неколку работи од кои речиси секое момче би избегало веднаш.

Сакате работите да се одвиваат пребрзо

Едно е тоа што во себе си го посакувате, но ако сте од оние на кои од погледот им се чита желбата за долга и стабилна врска, можно е да ги преплашувате повеќето момчиња. Тие не сакаат да чувствуваат притисок и се плашат од жени кои на состанок излегуваат подготвени за долга среќна врска.

Зборувате за бившите

Јасно е дека секој има бивши и тој знае и ти знаеш, но сигурно не сака да слуша за него уште на првите состаноци, исто како што и вие не би сакале да слушате за неговите бивши. Не мора да глумите дека првпат излегувате со момче, но пред да го спомнете бившиот, избројте до десет.

Зборувате само за себе

Не, тоа не значи дека може да зборувате за бившиот, туку дека мора да научите да слушате што има да каже и оној со кого сте излезени. Ако зборувате само за себе, тој ќе чувствува дека не сте добар соговорник и дека не може да разговара со вас.

Избрзувате со јавувањето

Правилото кој на кого треба прв да му се јави е прилично недефинирано, но едно е сигурно – ако му се јавите веднаш по состанокот и продолжите да му се јавувате со интензитет кој гуши, без разлика колку многу сакате да го слушнете, веројатно ќе сфати само дека сте очајни.

Уште нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg