Ова се вистинските причини поради кои мажите сакаат да се оженат

Ако може да им се верува на филмовите и на телевизиските емисии, мажите се „смируваат“ кога жените ќе ги примораат на тоа со некои свои предлози. Но, сите знаеме дека тоа не е единствената причина.

ova-se-vistinskite-pricini-poradi-koi-mazite-sakaat-da-se-ozenat-01

Постојат и некои други конкретни вистини кои ги откриваат мажите од лични искуства во едно истражување:

1. Во бракот можам да ја покажам љубовта на начин на кој ништо друго не можам

„Тоа е доказ за нашата љубов и преданост еден на друг. Венчавката е дополнителна причина со своите роднини и пријатели да ја прославиме љубовта и идниот заеднички живот“.

2. Време е за брак

„Сакам да имам деца. Бракот е најдобро решение доколку со саканата личност сакаме да го прошириме семејството“.

3. Во бракот, жената која ја сакам ми станува семејство

„Бидејќи ја сакам и сакам да биде дел од моето семејство и да имам законски документ со кој ќе можам да му покажам на целиот свет дека таа е мое семејство“.

4. Ми овозможува целосно да се посветам на една личност

„Бракот е ветување дека со одредена личност ќе го поминеме цел живот. Многу брачни парови имаат заладени односи и не се воопшто блиски. Бракот е ветување дека ќе бидеш со таа личност и во добро и во зло. Тоа е личноста која ја претставуваш на својата фамилија и на целиот свет и треба да се потрудиме да ја зачуваме.

5. Животот е полесен со партнер

„Сè е полесно кога гледам поддршка во својата сопруга. Добрите работи се уште повозбудливи, а и во тешките моменти многу е полесно кога не си осамен и кога има на кого да се потпреш.

6. Фактот дека засекогаш ќе има кого да сакам ме прави посреќен

„Сакам целиот живот да го поминам со некој што го сакам и кој ќе ми ја возврати. Самата помисла на тоа ме прави да се чувствувам исполнето.

ova-se-vistinskite-pricini-poradi-koi-mazite-sakaat-da-se-ozenat1.jpg

7. Не сакам да го изгубам најдоброто нешто кое ми се случило

„Се оженив затоа што не можам да си го замислам животот без некој како мојата жена“.

8. Сè би направил за жената која ја сакам

„Ќе направам сè само за да ја насмеам и да биде среќна, бидејќи ја сакам“.

9. Сакам да имам големо семејство, бидејќи никогаш не сум го имал

„Сакам да го надоместам она што јас сум го немал, а сум го посакувал“.

10. Сакам да го поминам животот со мојот најдобар пријател

„Сакам да го поминам животот со неа, бидејќи таа е мојот најдобар пријател на кого се воодушевувам и плус ја сакам“.

11. Животот е полесен со сопруга

„Искрено, не постои нешто подобро од тоа да си во врска. Секс? Подобро е отколку во врска. Правите глупости заедно? Подобро е отколку во врска. Не сакам да се оженам со некоја девојка само за да бидеме заедно, но ако е тоа девојката со која навистина сум среќен, зошто тогаш да не се оженам со неа?“

12. Ми се допаѓа фактот дека некој ме прифатил таков каков што сум

„Ми се допаѓа што имам некој кој знае сè за мене и ги прифаќа сите мои маани“.

Би можело да ве интересира:

6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg