Само за храбри авантуристи: 4 услови за секс на јавно место

Ако сте довлно храбри за да пробате секс на јавно место, постојат неколку важни работи на кои мора да внимавате пред да се препуштите на задоволството.

samo-za-hrabri-avanturisti-4-uslovi-za-seks-na-javno-mesto-01

Сексот на јавно место е честа фантазија, не само на мажите, туку и кај жените.

Сексот на јавно место како во кино, гардероба, тоалет во некое кафуле или во паркот носи опасност да бидете фатени на дело, што е најчестата кочница која ве спречува за сето тоа да го изведете на дело. Но, некои токму таа опасност најмногу ги возбудува.

За да уживате, а да ги избегнете непријатните ситуации, потребно е да ги исполните овие 4 услови:

1. Идеално место

Пред да се одлучите за акција на јавно место проценете ги ризиците на местата каде може да е забранет сексот.

За почеток одберете место во кое е најмала шансата да бидете фатени. Најчести јавни места на кои паровите практикуваат секс се парковите и тоалетите.


2. Спонтаност

Кога се работи за сексот на јавно место најдобро е да се одлучите во оној момент кога двајцата сте многу возбудени. Шепотењето заводливи зборови на уво, или нежните интимни допири се доволни за почеток на предиграта.

samo-za-hrabri-avanturisti-4-uslovi-za-seks-na-javno-mesto-1

3. Идеална положба

На јавно место тешко ќе најдете удобен простор и доволно време, па поради тоа бројот на пози е ограничен. Најчестата поза на јавно место е каубојската во која мажот треба да легне, а девојката да седне врз него.

Во затворените простори, како тоалети или гардероби, најпогодни се стоечките положби и кучешката, додека мисионерската положба може да ја практикувате само на пространи места како парковите.


4. Не е сè до пенетрацијата

Сексот на јавно место не мора секогаш да вклучува пенетрација, туку може да биде и своевидно загревање за акцијата на поудобно место.

На јавно место може да започнете со орален секс кој доволно ќе ве возбуди за да се преместите на друго место и да продолжите со жешката акција.

Ова посебно им се препорачува на почетниците кои се плашат премногу да ризикуваат.

samo-za-hrabri-avanturisti-4-uslovi-za-seks-na-javno-mesto-2

Имате ли пробано секс на јавно место?

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg