Цената на вереничкиот прстен ја открива иднината на бракот?

Општо верување е дека дијамантите се вечни, но новото истражување тврди - што поголем дијамант, толку пократок брак.

kako-cenata-na-verenickiot-prsten-ja-otkriva-idninata-na-brakot-01.jpg

Во истражувањето во кое учествувале 3000 Американци кои биле во брак се докажало дека оние кои потрошиле повеќе пари за вереничкиот прстен, имале пократок брак.

Мажите кои потрошиле помеѓу 2.000 и 4.000 долари имале 1.3 пати повеќе шанси за развод, за разлика од оние кои потрошиле помеѓу 500 и 2.000 долари.

Жените пак, чија венчавка чинела околу 20.000 долари и повеќе, имале 3.5 пати поголеми шанси за развод од оние кои имале поскромна венчавка во вредност од 5.000 до 10.000 долари.

Авторите на истражувањето објасниле дека разводите и кавгите се последица на финансискиот стрес кој се случува за време на „совршениот ден.“

Оние кои трошат без размислување дали може да си го дозволат тоа или не, големи се шансите дека еден ден ќе зажалат.

Но, зошто сепак паровите трошат повеќе пари отколку што имаат само за еден ден?

Истражувачите вината ја префрлија на стручните планери на венчавки, кои во последните 50 години создале нови стандарди кои тврдат дека раскошните венчавки се гаранција за среќен брак.

Се согласувате? Колку вие потрошивте за вашиот посебен ден?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg