Подгответе ги марамчињата: Биле во брак 65 години, а починале држејќи се за рака

Понекогаш љубовта е толку моќна, што ниту смртта не може да ја уништи.

podgotvete-gi-maramcinjata-bile-vo-brak-65-godini-a-pocinale-drzejki-se-za-raka-01.jpg

Крајот на љубовната приказна на овој пар кој бил во брак цели 65 години, не може да биде поемотивен.

По цели 65 години, тие двајца починале во временско растојание од само 40 минути, лежејќи еден покрај друг, држејќи се за рака.

Парот се запознал во 1948 година, на игранка. Од тогаш, па до последниот момент тие не се одвоиле.

Членовите на нивното блиско семејство тврдат дека Италвино (89) и Дива (80) во животот не поминале ниту еден ден раздвоени. Затоа, лицата во болницата имале разбирање и ги сместиле во два споени кревети, за да можат да се држат за рака.

Италвино примал терапија за леукемијата од која боледувал, а неговата сакана сопруга била на хемотерапија затоа што во април и бил дијагностициран рак.

Дива завршила прва во болница, но набрзо потоа и состојбата на Италвино посебно се влошила.

Италвино прв ги затворил очите.

- Кога тој почина, мојата тетка и шепна на мојата баба дека замина. Во тој момент таа стана многу посмирена. Како да и се отвори некоја посебна врата, како да планираше да заминат заедно, раскажува внукот.

Само 40 минути подоцна, и Дива ги затворила очите.

podgotvete-gi-maramcinjata-bile-vo-brak-65-godini-a-pocinale-drzejki-se-za-raka-02.jpg

- Немаше да ја поднесат раздвоеноста. Никогаш не сум видел нешто слично на нивната приказна, вели внукот.

Целото семејство е во болка и тага, но во исто време чувствуваат и олеснување затоа што Дива и Италвино биле раздвоени само неполн час.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg