10 знаци дека тој се плаши од врзување

Познато е дека повеќето мажи поради стравот од врзување за една жена, избегнуваат емотивна блискост и се плашат од зависност од партнерката.

10-znaci-deka-toj-se-plasi-od-vrzuvanje-001

Девојките имаат проблем, пак, што не можат да бидат сигурни до крај во своите партнери, бидејќи тие не им се предаваат целосно.

Токму поради овие проблеми постојат некои знаци по кои може да препознаете маж кој се плаши од врзување и да се обидете да го придобиете и опуштите на поинаков начин.

1. Неговите врски не траат долго

Има бројни изговори за тоа зошто досега не се смирил и не се задржал во врска со една девојка. Од притисокот кој му го наметнува работата, па сè до оној дека не ја пронашол вистинската.

2. Заведување

Неуморен е во обидите да ве освои. Иако вниманието ви ласка, ова може да биде знак за предупредување.

3. Лесно губи интерес

Штом еднаш ве освои лесно го губи интересот. Тој го сака магичниот почеток на врската, кога нема никакви компликации, но набрзо тоа му досадува. Него не го фасцинираат подемите и падовите во трајната врската која треба да се одржува.

4. Топло - ладно

Ви покажува интензивна љубов и наклонетост, а во исто време никогаш не ви се јавува, ниту ви пишува пораки, а и за тоа има изговори.

5. Сака да контролира

Му годи да биде чекор напред, но има обичај да ја презема контролата над сè што правите заедно.

10-znaci-deka-toj-se-plasi-od-vrzuvanje-3.jpg

6. Ја сака слободата

Најверојатно тој интимноста ја гледа како стапица. Тоа е причината поради која најчесто излегува со луѓе за кои не мора постојано да е врзан. Најчесто има девојка од друг град.

7. Нереални очекувања

Кога неговата партнерка не ги исполнува неговите очекувања, мажот кој има страв од врзување се разочарува и станува опседнат со нејзините негативни карактеристики.

8. Гледа други девојки

Неговиот поглед постојано лута кон други девојки, дури и кога е на состанок со својата, Постојано има потреба да се чувствува како да не е во врска.

9. Се повлекува од сериозните разговори

Тој често тврди дека долгите врски не му одговараат, бидејќи не би бил добро момче. Неговата цел е стравот од неуспех да го искористи како изговор за бегство.

10. Ве обвинува за сè

Кога ќе му забележите дека не ви посветува доволно време, тој ве обвинува вас дека сте презафатени.

Ги пронајдовте овие знаци кај вашиот партнер?

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg