7 работи кои не се важни во љубовта

Постојат работи кои се многу важни за љубовната врска да ви се развива како еден здрав однос и работи кои се неопходни за таа да трае. Такви се почитувањето, искреноста и разбирањето.

7-raboti-koi-ne-se-vazni-vo-ljubovta-01

Но, постојат работи кои навистина не се важни кога е во прашање љубовта и на кои не треба да им придавате големо значење.

1. Годините не се важни за љубовта. Ако имате партнер кој е многу помлад или повозрасен од вас, најважно е како се чувствувате покрај него.

2. Поранешните партнери и вашето минато не се важни во моменталната врска, бидејќи најважно е да сте среќни во сегашноста и да ги искористите моментите на најдобар начин. Тоа што било, поминало.

3. Сите работи може да се купат со пари, но не и љубовта. Никој нема да ви гарантира дека ќе бидете среќни во врската ако вашиот партнер е богат. Понекогаш посиромашните се посреќни.

4. За љубовта не е важно како сте се запознале или кој кому пришол. Најважно е да сте заедно и да уживате во заедничките моменти.

5. Не се оптоварувајте со туѓите мислења. Секој треба да се погледне прво себе, па дури потоа да зборува за другите.

6. Во љубовта не е важно дали вашиот партнер знае да пегла или да готви. Сигурно ќе се снајдете или ќе научите.

7. Ако излегувате на различни места, тоа никако не треба да ве спречува во љубовта. Бидете сигурни дека по некое време ќе најдете место каде ќе може да бидете заедно.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава