7 погрешни мажи со кои ќе излегувате пред да го сретнете вистинскиот

За да дојдете до вашиот принц, ќе мора да бакнете многу жаби, односно најмалку 7. Па, ако до сега не сте го запознале вашиот принц, со дел од овие „жаби“ сигурно сте излегле.

7-pogresni-mazi-so-koi-ke-izleguvate-pred-da-go-sretnete-vistinskiot-01.jpg

Внимателно читајте, сигурно ќе ги препознаете мажите со кои се обидовте да бидете во врска, но не успеавте да направите нешто повеќе.

1. Идиот

Кратко и јасно, ова е мажот кој немаше никакво почитување кон вас, ниту кон вашето време. Ова е тој тип кој никогаш не ве запозна со пријателите или родителите и оној кој ви праќаше пораки исклучиво после полноќ.

2. Предобар

Сигурно сте го имале мажот кој беше луд за вас и ги исполнуваше сите ваши желби. Ама некако, не ви беше доволно привлечен.

3. Убав, ама глупав

Да бевте површни, тој ќе беше совршениот. Вака, ќе го паметите како згоден дечко кој имаше „само“ една маана - празна глава.

4. Злобен

Секоја жена е привлечена од еден ваков маж кој има нешто неодоливо лошо во себе. Но, изгледа ваквиот однос не е за на долги патеки, па решивте да го пуштите сам по својот пат.

5. Петар Пан

Или поточно, дечкото кој никогаш нема да порасне, и покрај тоа што мислите дека е фаза. Тој може да живее со родителите и по 30-та, сака кога го издржуваат други, кога некој друг готви, чисти, пере...

6. Бизнисмен

Очигледно проблемот во него беше што не знаеше да направи баланс помеѓу работата и приватниот живот, па никогаш не успеавте.

7. Син на мама

Не, не станува збор за уште еден Петар Пан. Ова е мажот кој сакаше да биде возрасен и самостоен, но никако не можеше да донесе одлука без консултација на неговата мајка. Сите ги сакаме родителите, но ова сигурно е претерано.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg