Како да го сочувате идентитетот во врската?

Колку и да ви е прекрасно во врската, сочувајте го вашето семејство, пријателите, соништата и верувањата кои ги имате.

kako-da-go-socuvate-identitetot-vo-vrskata-01.jpg

Од овие работи никогаш не смее да се откажете, колку и да сте среќни:

1. Пријатели

Иако вашиот партнер понекогаш се лути кога ќе го споменете најдобриот пријател или најдобрата пријателка, тоа не е причина да се откажете од него/неа. Не заборавајте дека тие луѓе беа со вас и пред моменталниот партнер.


2. Семејство

Ако на еден од партнерите не му се допаѓаат родителите, браќата или сестрите на другиот, тоа може да биде сериозен проблем. Но, емотивните уцени никогаш не се решение. Внимавајте да не западнете во замката на речениците „Да се грижеше за мене, сега ќе беше тука, не со твоето семејство.“


3. Соништа

Продолжете да сонувате за она што го сакате, колку и да му се чини детинесто или невозможно на партнерот. Соништата се дел од вас, а ако се откажете од нив, на добар пат сте еден ден да се разбудите очајни.


4. Уверувања

Не го менувајте системот на вредности и погледот на светот. Ако по тоа прашање драстично се разликувате, променете го партнерот, а не вашите уверувања.


5. Физички изглед

Малите промени се сосема во ред, но ако тој или таа бара целосна промена на косата, телото и гардеробата, запрашајте се дали воопшто му/и се допаѓате.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg