Зошто изневерувањето е најдобрата работа која ви се случи досега?

Сте биле во долга и хармонична врска која на крајот завршила поради изневерувањето од страна на вашиот партнер и сте сфатиле дека врската не била и толку прекрасна како што сте ја замислувале.

izneveruvanjeto-e-najdobata-rabota-koja-vi-se-slucila-dosega-1

Но, тоа не е причина за да очајувате, всушност изневерувањето е најдобрата работа која можела да ви се случи.

Зошто?

Ќе го очекувате најдоброто, но ќе бидете подготвени за најлошото

Нешто за кое не сте размислувале во текот на врската бидејќи сте живееле во една удобна зона, била оваа реченица.

Сега знаете дека секогаш нешто може да тргне наопаку, но кога тоа ќе се случи нема да бидете изненадени како што сте биле претходно, бидејќи иако ќе го очекувате најдоброто, секогаш ќе бидете подготвени за најлошото.


Ќе ја барате вистинската личност

Бидејќи личноста која ве изневерила сигурно не е таа вистинската штом го направила тоа. Тој што сака вистински, никогаш нема да изневери, затоа вие сега ја имате целата слобода на овој свет да ја побарате таа личност која вистински ја заслужувате.


Ќе внимавате на ситниците и ќе разговарате со луѓето

Иако сте забележале ситници кои укажувале дека нешто не е во ред со вашата врска, како намалена комуникација или намалена желба за секс, мислевте дека истите ќе исчезнат и сте оставиле на времето да ги реши.

После изневерувањето ќе започнете да внимавате на секоја една ситница во вашиот живот и односите со другите луѓе, што е добар резултат бидејќи сега знаете дека ситниците се најважни детали на кои треба да внимавате повеќе.


Вербата ќе ви се зголеми

Не може да ви се намали бидејќи освен да верувате за подобро утре не ви останува ништо друго. Доколку ја изгубите вербата, ќе се изгубите себеси, но вие сте посилни од тоа, верувате и ќе преболите, ќе тргнете по добар пат и ќе го најдете тоа што сте го барале отсекогаш.


Ќе научите како да се сакате себеси

Освен што повеќе ќе ги цените луѓето околу себе после распаднувањето на врската, вие ќе научите како да се цените и сакате себеси повеќе од претходно. Тоа е најпозитивната работа произлезена од изневерувањето на вашиот партнер бидејќи со тоа ви покажал дека доколку не се сакате самите, нема да ве сака ни тој што е во врска со вас.


Најдоброто е на пат!

Знаете дека не може да ви се случи нешто полошо од вашата моментална ситуација бидејќи сте го преживеале најлошото. Личноста на која сте и верувале ве изневерила на најлошиот можен начин, со друга личност.

Но, тоа ќе ве направи похрабри и посилни, верувајте. И сами знаете дека најдоброто е на пат! Само бидете трпеливи, тоа само ќе си дојде кај вас.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg