12 знаци кои откриваат дека сте подготвени да изневерите

Дури и да сте во врска, понекогаш има периоди кога сакате безопасен флерт. Но, каде е границата?

12-znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-podgotveni-da-izneverite-01.jpg

Ако забележите поголем дел од овие знаци кои откриваат дека сте подготвени да изневерите, замислете се за иднината на вашата врска.

1. Не им кажувате на луѓето дека сте во врска, освен ако не ви го постават прашањето директно.

2. Поминувате премногу време со личност која ја знаете многу кратко.

3. Мислите дека вашиот партнер ве изневерува. И тоа ви го олеснува чувството на вина кога помислувате да го/ја изневерите.

4. Во последно време поубаво ви е кога сте излезени сами, отколку со партнерот.

5. Сè почесто ви се случува да фантазирате за секс со некој друг/некоја друга.

6. Повеќе не го спомнувате партнерот во разговорите.

7. Вашиот партнер не е првиот кој ги дознава новостите и проблемите.

8. Константно пронаоѓате маани во него/неа.

9. Одеднаш постојано сте во расправија со партнерот. И тоа без никаква причина.

10. Потајно ви е мило што ќе помине една вечер на деловен пат, затоа што тоа значи излегување со пријателите.

11. Веќе имате разработено како и кога би го изневериле партнерот.

12. Љубоморни сте на пријателите кои имаат богат љубовен живот, а не долга врска.

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg