Кои се најсекси професии?

koi-se-najseksi-profesii-povekjeДали е до униформата, начинот на однесување или нешто трето? Кои професии најмногу ги возбудуваат луѓето? Дали вашата се наоѓа меѓу нив?

 

1. Медицинска сестра и стјуардеса

koi-se-najseksi-profesii-1

Кај двете се работи за грижата за потребите на поединецот, и затоа овие професии најчесто се поврзуваат со сексуалните фантазии.

Секако дека за извршувањето на овие професии е потребна голема доза услужливост, љубезност и внимание. И затоа многу често ја будат фантазијата на оние кои во сексот сакаат да се милуваат и кои понекогаш сакаат да се чувствуваат малку немоќни, односно, своето тело да го препуштат во рацете на друга личност.

Кога на професијата ќе и се додадат и заводливоста, медицинската сестра и стјуардесата во жешките фантазии најчесто се облечени во мини здолништа, имаат големи гради и полни усни.

2. Учителка

Учителката во страсните фантазии ја отелотворува интелектуалноста и елеганцијата со мала доза на строгост.

Доминантната положба на жената која е самосвесна и многу добро знае што очекува од својот ученик. koi-se-najseksi-profesii-2

Учителката во својата фантазија често ја замислуваат мажите кои во кревет сакаат жена која знае што сака и која знае да го земе тоа.

Во еротските мечтаења учителката често се појавува во кратко здолниште и кошула, на високи потпетици и очила.

3. Секретарка

Професијата секретарка често се доживува како секси благодарение на фактот дека им угодува на барањата на својот шеф.

Освен факторот услужливост и послушност, тука постои и одредена мера интелектуалност и службеност која во фантазиите порано или подоцна исчезнува, па настапува заводливата и секси жена која е подготвена да излезе в пресрет.

Секретарките во еротските мечти се појавуваат – во кратки здолништа, блузи со деколте, чевли на потпетици, подвезици..

4. Пожарникар

Пожарникарот како секси професија важи, пред сè, во Америка. Жените природно им се восхитуваат на мажите кои сеkoi-se-najseksi-profesii-3 подготвени да го жртвуваат својот живот за да спасат некого.

Сета таа жештина и пламенот кој притоа мораат да ги издржат претставува дополнителна пречка и дополнителен еротски стимуланс бидејќи асоцираат на испотено тело.

Се смета дека жените длабоко во својата потсвест сакаат да бидат спасени. Спасени од самечкиот или здодевен живот, како во сексот така и во секојдневните случувања.

Во фантазијата пожарникарите често се појавуваат голи од половина нагоре.

5. Војник

Војникот го добива својот сексапил благодарение на униформата. Жените кои сакаат силни, студени, бестрашни и koi-se-najseksi-profesii-5цврсти мажи често ќе тврдат дека војниците се најсекси мажи во светот.

Војниците им се секси на жените кои покрај себе сакаат цврст и бестрашен маж кој целиот живот ќе го заштитува семејството.

Па така, во овој случај жените повеќе сакаат да бидат заштитени отколку спасени. Во кревет сакаат да бидат нежно совладани и подредени, или поинаку кажано, сакаат маж кој знае да го земе она што го сака. Во женската фантазија војниците често се валкани, калливи, испотени и без шлем.

6. Полицаец

Професијата полицаец е секси поради големата моќ и реквизитите кои ги користи. Може да ви стави лисици, да ви ги прочита правата и да бара да го направите точно она што и го сака од вас.

Значи, полицаецот е повеќе од примерна фантазија за жените кои во кревет сакаат да бидат водени и под надзор.

Пиштолот на појасот му овозможува целосна доминација. Плус, има и право да ве претресе од глава до петици.

Би можело да ве интересира:

„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg