Едниот има шарм, другиот мозок, но двајцата се згодни!

Сигурно секоја девојка бареме еднаш имала дилема помеѓу двајца момци од кои едниот имал шарм, а другиот мозок, но двајцата биле згодни и не знаела за кого да се одлучи.

edniot-ima-sarm-drugiot-mozok-no-dvajcata-se-zgodni-1.jpg

Дали вие сте имале досега таква дилема или пак моментално се двоумите околу истите работи?

Доколку сте имале сигурно ќе се пронајдете во текстот, а доколку моментално ја имате продолжете да читате бидејќи овие детали ќе ви помогнат да одберете еден од нив.

Покрај шарм, дали поседува харизма?

Харизмата и шармот се две различни работи, доколку момчето има шарм тоа значи дека може да ве шармира со зборови, поглед или насмевка, но доколку поседува харизма со тоа ќе ве шармира за цел живот.

Има мозок, но дали го користи?

Можеби другиот има мозок, но дали го користи истиот? Дознајте преку психолошки прашања од типот – „Што сакаш да постигнеш во животот?" или „Што претставува искреноста за тебе"? Не се фокусирајте премногу на десетките од факултет бидејќи во тој случај иако е интелегентен, можеби не е паметен.

Можеби се згодни, но дали знаат како да се однесуваат?

Доколку и двајцата се згодни, а претходните два детали не се доволни за да се одлучите за еден од нив, забележете дали тие знаат да се однесуваат добро со една жена. Доколку едниот внимава на детали, ја отвора вратата за вас или пак ве почитува на секој можен начин, а другиот не го прави тоа, тогаш сигурно веќе знаете кого ќе изберете.

Доколку и овие 3 детали не можат да ви помогнат да се одлучите, одберете трета личност која ќе има харизма, мозок и добро однесување кои ќе ги забележите уште на првата средба!

Како вие одбирате момче од повеќе понудени опции?

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава