20 Работи кои ги учиме за врските во 20-тите години

Слободно кажете дека 20-тите се години на лоши состаноци, одлуки за кои подоцна се каеме, смешни врски осудени на неуспех, но токму од овие работи можеме да научиме премногу за врските.

20-raboti-koi-gi-ucime-za-vrskite-vo-20tite-1

Како што свеќичките на тортата стануваа побројни, така се менуваат и нашите приоритети и започнуваме да сфаќаме што сакаме од личноста со која сме во врска и започнуваме да се запознаваме себеси.

Секако, на учењето му нема крај, но овие 20 работи дефинитивно се лекции научени од 20-тите години:

1. Игрите се преценети

Во 20-тите сфаќаш дека повеќе не сакаш да глумиш недостижна личност и не се обидуваш да победиш во играта „кој ќе издржи подолго да не пише прв”, бидејќи сега го кажуваш тоа што го чувствуваш.


2. Заслужуваш личност која ќе направи сѐ за твојата среќа

И тоа не само понекогаш, туку цело време.


3. Ако мораш да се бориш за хемија, не вреди

Во текот на 20-тите ќе поминете низ многу состаноци, но ако не почувствувате искра, тогаш таа веројатно и нема да се појави... знаете дека не вреди.


4. Пијаниот секс е всушност лоша работа

Во средно или во првите години на факултет, можеби ви беше возбудливо да пиете и потоа да имате секс со некого. Но, кога пиете во доцните 20ти години, последно што ви текнува е секс.


5. Се правите нешто што не сте, за да импресионирате некого

Сфаќате дека сте прекрасна личност и ако на некого не му се допаѓате, тогаш тоа е нивна загуба.


6. Слободата е важна

Во 20-тите сфаќате дека сте ја потцениле слободата и сега обожавате да издвојувате време за себе.


7. Мора да го заборавите минатото, за да продолжите напред

Веројатно сте биле повредени претходно, а можеби и повеќе од еднаш. Тешко е да се препуштиме и да продолжиме напред, но ќе дојдете до таа точка кога ќе сфатите дека на некои луѓе може, а на некои не може да им се верува.


8. Не е сѐ во скапите подароци

Можеби во средно сакавте кога момчето ќе ви купува скапи подароци, но во 20-тите сте задоволни со ситница.


9. Објавувањето на врската на социјалните мрежи е најлошо

Сите имале денови кога сакале да објавуваат фотографии, да го променат статусот на фејсбук, но во 20-тите ќе ви помине таа фаза.


10. Неопходно е врската да биде приватна

Кога ќе пронајдете некој кој вистински ви значи, нема да ви бидат потребни совети од пријателите при секоја кавга. Сфаќате дека ни најдобрите пријатели не мора да го знаат секој детаљ.

20-raboti-koi-gi-ucime-za-vrskite-vo-20tite-2

11. Се почитувате себеси

Сфаќате дека доколку не се почитувате себеси, нема ниту вашиот партнер да ве почитува.


12. Знаете да внесете забава

Свесни сте дека во сериозна врска не треба само да одите на стандард вечера или во кино, туку морате да внесете забава и да ги зачините нештата.


13. Романтиката е важна

Кога и двајцата сте вработени, ја сфаќате важноста на вечерните состаноци и нивната улога во зачувување на романтиката.


14. Раскинувањата се лоши, но полесно ги преболувате

Колку и да мислите дека нема да преболите, сепак ќе се изненадите колку сте храбри.


15. Веројатно ќе ги намалите критериумите

Чекањето на Господинот Совршен ќе започне да ви звучи смешно, бидејќи знаете дека никој не е совршен.


16. Подобро слобода, отколку во лоша врска

Повеќе не можете да трпите личност која не ви одговара, како некогаш.


17. Сексот не е добар ако не знаете да кажете што сакате

Кога сте млади, се плашите да го побарате тоа што го сакате. Но, во 20-тите сфаќате дека ако се срамите никогаш нема да уживате во сексот.


18. Искреност пред сѐ

Ќе дојде момент кога ќе се изморите од чекањето тој/таа да го направи чекорот и вие ќе ги преземете работите во свои раце. Без разлика за што станува збор.


19. Личноста која не сака да се врзе е губење на време

Празни ветувања, извинувања и губење на време е она што не ви е потребно во 20-тите.


20. Врските понекогаш се здодевни и тоа е во ред

Понекогаш ќе ви недостига да биде сами и да не сте во врска, но сѐ додека сте со некого кој навистина го сакате, ќе сфатите дека тоа е нормално. Тие ситници кои изгледаат здодевно, се всушност најдобри. 

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg