Глумите оргазам? Решете го проблемот пред да ја загрозите врската

Незадоволството во кревет е еден од најчестите проблеми, кои можат да доведат до крај на една врска.

glumite-orgazam-resete-goproblemot-pred-da-ja-zagrozite-vrskata-1-

Ако сте и вие помеѓу оние жени кои глумат оргазам пред момчето или сопругот, тогаш треба да бидете свесни дека многу ризикувате.  

Единствениот начин да дојдете до оргазам е искрено да кажете што ви помага, а што ви одмага. Можеби после толку време не знаете како да ја кажете вистината, а во тој случај ви преостануваат 4 избори:

Прв избор: Признајте

Објаснете дека сте лажеле заради стравот, несигурноста, незгодната ситуација, срамежливоста или која било друга причина која ве натерала тоа да го криете. Во ниеден случај немојте да му кажувате дека тој е единствен пред кого сте глумеле оргазам и премолчете си за минатото искуство. Дајте му до знаење што најмногу сакате да пробате и како и двајцата да уживате во сексот.


Втор избор: Продолжете да живеете во лага

Ако одлучите и понатаму да глумите оргазам и да молчите, годините ќе си поминуваат, а вашите кавги ќе растат, бидејќи сексот ќе ви станува сѐ полош. На крајот веројатно вашата врска ќе заврши, бидејќи сигурно во една од тие кавги ќе му префрлите и нервозно ќе му кажете дека го лажевте. Изборот е ваш - или навреме ќе ја кажете вистината или ќе живеете во лага.


Трет избор: Раскинете и пронајдете друг партнер

Една од опциите ви е секако да расчистите и да почнете од почеток со нов партнер, со кој од почеток ќе бидете искрени и отворени. Ви звучи страшно? Но, сепак и тоа ви е една опција.


Четврт избор: Поработете на оргазмот без да ја кажете вистината

Доколку одлучите да живеете во лага овој избор би можел да помогне. Покажете му суптилно како да ве задоволи, пробајте со разни експерименти и секс помагала.

Охрабрете го на орален секс пред пенетрацијата и со сигурност ќе постигнете оргазам. Постојат многу варијанти на секс со кои можете да постигнете оргазам со помош на партнерот.

Ако вашиот партнер ви обрнува внимание во текот на сексот, тогаш сексот ќе станува сè подобар, но ако тој е себичен тогаш имате проблем, кој мора да го решите со разговор и кажување на вистината.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава