Го изневерувате ли партнерот онлајн?

Допишувањето на интернет со други лица кон кои немате само пријателски чувства некои го сметаат само за забава, но многумина го сметаат и за изневерување.

go-izneveruvate-li-partnerot-online-01

Доколку сте во врска во која полека ви досадува партнерот или при секој проблем наместо да го решавате, подобро ви е да се повлечете и да седнете пред компјутерот, тогаш треба да размислите дали е сето толку наивно.

Со оглед на тоа што комуникацијата на интернет, особено Фејзбук е толку поедноставена и раширена, границите може да ги одредите само според она што го чувствувате или правите.

Според овие 6 знаци може да утврдите дали го изневерувате партнерот:

1. Со оваа личност ги споделувате работите кои не би ги споделиле со партнерот, како стравови, соништа и цели во животот.


2.
Кога ќе ви се случи нешто возбудливо, тоа е првата личност на која сакате да и се јавите. Потојано наоѓате мали причини за да ја контактирате.


3.
Се средувате специјално за таа личност, дури и ако сакате само да објавите или испратите нова фотографија.


4.
Зборувате за партнерот, но само негативно и кога ќе ве изнервира.


5.
Станувате емотивно зависни од заедничката комуникација, па се чувствувате одлично кога ви пишува, а луто и бесно кога нема ништо да ви пише.


6.
По будењето наутро прво проверувате на мобилниот дали личноста има нешто објавено или пишано кај вас.

Во што се пронајдовте? Го изневерувате ли партнерот он лајн?

Би можело да ве интересира:

Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg