Што ве чека кога ќе почнете да живеете со момчето?

Повеќето девојки фантазираат за тоа да се омажат или барем да имаат сериозна врска и да живеат заедно со своето момче. Но, не се ни свесни за тоа дека заедничкиот живот не е баш толку розов.

sto-ve-ceka-koga-ke-pocnete-da-ziveete-so-momceto-01

Брзиот ритам на животот, исполнет со обврски не остава многу време и простор за младите парови да бидат заедно. Затоа, едно од решенијата е да најдат заеднички стан, макар и изнајмена соба во која ќе можат секоја вечер да заспиваат прегрнати.

Но, девојките обично се толку романтични што не можат ни да претпостават колку понекогаш заедничкиот живот може да им оди на нерви.

Еве што ве чека ако почнете да живеете заедно со момчето:

Чорапи на сите страни

На подот, масата, под креветот... секаде само не во корпата за валкана облека. Дури и ако ги става на место, големи се шансите макар и еден син чорап да се најде во машината со бела облека.


Влакна во лавабото

И жените оставаат многу влакна наоколу, но барем си ги чистат. Мажите тоа никогаш не го прават.


Неизмиени садови

Ова е вистинска битка, зависно од тоа какво момче ќе ви се погоди. Некои не ги делат работите на машки-женски и знаат да ги измијат, но повеќето се оние кои се навикнати дека нивната мајка само ги мие садовите и кујната не е нивна работа.


Мириси

Девојките сакаат мирисни свеќи, етерични масла и мирис на свежо испрана облека. И на момците им се допаѓаат овие мириси, но не се трудат да ги одржуваат, па често знаат да остават нечиста облека наоколу, да запалат цигара во затворена просторија, да ждригнат од пивото...


Далечинското

Кога веќе живеете заедно нема баш да можете да си ја гледате серијата, додека тој гледа фудбалски натпревар, па потоа да излезете да се видите, туку ќе мора некогаш заедно да гледате едно нешто.


Пријатели

Можеби не поднесувате некој негов пријател, но нив одлично им оди муабетот, па штом живеете заедно може да ви биде и чест гостин.

sto-ve-ceka-koga-ke-pocnete-da-ziveete-so-momceto-1.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава