Заеднички живот со момчето: Мир или војна?

Вселување во нов стан со момчето звучи романтично, но тоа може истовремено да биде и почеток на трета светска војна.

zaednicki-zivot-so-momcet-mir-ili-vojna-1

Многу двојки кои се финансиски обезбедени често се одлучуваат да живеат заедно пред брак, но за некои од нив тоа било лош чекор и горко искуство.

Размислете на овие работи, пред да почнете со пакување и вселување:

Негов дом, ваш дом, заеднички дом

Кога се вселувате во туѓ дом, треба да запомнете дека пред да дојдете вие тој стан или куќа биле целосно на вашето момче и токму тука настануваат кавгите. Пред да се вселите најдобро е на почеток да пробате тест за вселување од неколку недели додека комплетно не се навикнете на туѓото и заедничкото.

Уште подобро би било на почеток да живеете на независна територија, на пример некаде под кирија ( секако доколку имате можности).

Граници и правила

Зборувајте отворено и обидете се меѓусебно да ги сфатите идеите и размислувањата на другиот околу тоа што за нив значи дом и заедничко живеење. Разговарајте за сите детали околу перењето, пеглањето, миењето садови, готвењето и направете план за рамноправно да ги поделите обврските.

Токму тие ситници се предизвикувачи на најголемите кавги во заедничкиот живот.

Излегувања: Пред и потоа

Само затоа што се гледате секој ден, не значи дека не треба да излегувате. Барем еден ден во неделата правете нешто поинаку и барем еднаш излезете посебно со пријателите.

Иако сте заедно, тоа не гарантира никаква иднина, затоа не се запоставувајте себе и инвестирајте во пријателства и живот надвор од границите на вашата врска.

Иритирачки навики

Ја оставате четката за коса каде ќе стигнете, тој не ве слуша додека му зборувате, облеката ви е повеќе надвор отколку внатре во гардероберот и слични ситни навики кои некого можат да го извадат од кожа. Научете како да се почитувате и стекнете нови навики кои и двајцата ќе ги обожавате.

Иднина

Вселувањето со вашето момче е голем чекор, но што потоа? Брак? Деца? Доколку вашето момче не се гледа подготвено за брак, ниту за деца, а од друга страна пак вие тоа го посакувате тогаш најдобро е да се тргнете од таа врска што побрзо.

Несогласувањата околу иднината не само што ги создаваат кавгите, туку додека се освестите може да помине многу време. 

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg