Девојки, погледнете што им кажуваат момците на своите пријатели за вас

Ако мислевте дека само жените сакаат да ги споделуваат со своите најблиски сочните детали од својата врска, тогаш сте во голема заблуда.

devojki-poglednete-sto-im-kazuvaat-momcite-na-svoite-prijateli-za-vas-1

Според најновите истражувања, мажите со своите пријатели споделуваат многу повеќе детали за врската отколку што си мислевте.

Ако сте љубопитни да дознаете што точно зборуваат мажите со своите пријатели за својата девојка погледнете ги нивните одговори:

1. „Овој викенд со мојата девојка излеговме на пијалак заедно со една група пријатели. Одеднаш се сетив дека најмалку 3 луѓе знаат дека јас и таа имавме секс минатата недела во автомобилот, пред куќата на нејзините родители. ”

2. „Во моето друштво постои некој вид на непишано правило, кое гласи дека никој не треба да изнесува сочни детали во врска со минатото на партнерката, сексуалните вештини или мааните кои сме ги забележале.”

3. „Со пријателите разговараме за тоа колку често имаме секс, но не ги изнесуваме валканите детали. Понекогаш се жалиме дека жените премногу ни пишуваат и ѕвонат на мобилните. Но, признавам дека како мажи секогаш се однесуваме како да знаеме сѐ, а за неуспешноста на врската ги обвинуваме жените.”

4. „Вчера отидов на вечера со најдобриот пријател од средношколските денови и не можев да издржам, а да не му се пожалам за својата девојка, која ми вршеше притисок за венчавка. Јас навистина ја сакам, но не сум подготвен за такво нешто, а и не сакам да ја изгубам. Не најдов одговор, но тогаш ми беше мило што имав со кого да поразговарам.”

5. „Имам пријател кој е љубопитен да ги дознае апсолутно сите детали. Како е градена девојката, дали ми пружила орален секс, дали има бразилска депилација таму доле...И да, некогаш му кажувам сѐ.”

6. „Иако постојат разлики од една до друга личност, сепак можам да кажам дека скоро секој човек кој го познавам сака да се пофали со својата девојка. Но, момците не сакаат да зборуваат само за сексот, туку и за вештините кои таа ги поседува, успесите, добриот музички вкус и било што друго.”

7. „Колку повеќе ти значи девојката, толку помалку информации ќе делиш.”

Момци, какви детали им раскажувате на вашите пријатели? 

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава