6 Чекори до безусловна доверба во врската

Довербата е предуслов за успешна и среќна врска, а воедно претставува и темел за сигурна и искрена љубов.

6-cekori-do-bezuslovna-doverba-vo-vrskata-1

Таа е основа за една прекрасна врска во која партнерите не се плашат да бидат тоа што се.

Дознајте кои 6 чекори мора да ги направите за да уживате во целосна доверба:

1. Бидете свесни за своите вредности, но и за оние на партнерот/ка

Дали сте свесни колку вредите? Често се случува еден од партнерите да има поголемо мислење за себе што доведува до емотивна и духовна нееднаквост во врската. Престанете да мислите дека некој од вас е подобар или полош, туку тежнејте кон рамноправност.


2. Разговарајте за потребите

Никогаш нема да знаете што е потребно на некој во целост, ако не му дозволите тоа да го сподели со вас. Водете грижа за потребите на личноста со која што сте и дајте ѝ безусловна поддршка и љубов, бидејќи само така ќе ѝ пружите чувство на вредност и припадност.


3. Квалитетно заедничко време

Дали се сеќавате кога последен пат сте направиле нешто заедно? Време е да поминете некое време заедно, да го разбудите чувството на љубопитност и возбуда, што ќе допринесе да ја зајакнете меѓусебната доверба и поврзаност.


4. Оставете му/ѝ простор

Довербата не може да се добие на сила, туку потребно е време. Дајте му/ѝ на партнерот/ка прилика да сфати колку му/ѝ недостигате, тоа е уште еден начин за да се зајакне меѓусебната поврзаност и доверба. Најубавата и најсилна љубов е онаа која се дава на наједноставен начин.


5. Проверете дали делите исти животни идеали

Дали постои некоја цел во иднината која заеднички сакате да ја остварите? Односно, дали градите живот и очекувања на исти темели? Дури и ако вашите цели се разликуваат, сепак разговарајте и дознајте како размислува другата личност. Разговорите за иднината како и заедничките планови ќе ве поврзат на неверојатен начин.


6. Вистинско време за заминување

Иако овој чекор е различен од сите останати, сепак мора да се спомене. Ако не се чувствувате добро, бидејќи сте во несреќна врска во која нема доверба, тогаш можеби таа и не ви е потребна. Колку подолго се задржите во таква врска, толку потешко ќе ви биде да верувате на некоја наредна личност која допрва треба да се појави во вашиот живот. Во вакви ситуации пуштете го мозокот да ја добие битката над срцето. 

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава