Напуштете го тој што ве напушта постојано, засекогаш!

Напуштањето не е знак на љубов, како што некои го толкуваат. Ако некого напуштите, значи се откажувате од него, засекогаш без разлика колку пати ќе се вратите назад.

napustete-go-toj-sto-ve-napusta-postojano-zasekogas-01

Кога еднаш оставате, нека биде тоа засекогаш, но кога ве оставаат, не се враќајте повеќе назад, бидејќи повторно ќе ве остават, кога-тогаш.

Тоа што се случило еднаш, не мора да се повтори, но тоа што се случило повеќе пати ќе се повтори уште милион пати...

Затоа напуштете го тој што ве напушта постојано, засекогаш!

Не бидете сентиментални, потсетете се зошто тој, некој ве оставил и не бил сентиментален додека го правел тоа, туку бил ладен како воздухот во декември пред Нова година.

Запрашајте се, зошто воопшто ве оставил кога ви рекол дека ќе ве сака засекогаш?

Зарем тоа „засекогаш” има рок на траење?

Можеби за него да, но за вас тоа не е така, нели?

Посакувате некој што никогаш не би се откажал од вас, но за да го пронајдете треба прво да се откажете од тој што ве напушта постојано, засекогаш!

Останете со тој што никогаш нема да се осмели да ве загуби, бидејќи ќе стравува од помислата дека никогаш повеќе нема да ве врати.

Останете со тој што ве сака навистина, а не со тој што ве остава засекогаш, но постојано се враќа во вашите прегратки мислејќи дека може да ве има кога ќе посака.

napustete-go-toj-sto-ve-napusta-postojano-zasekogas-1.jpg

Тоа не е љубов, тоа е опсесија!

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава