Спиев со момчето на првиот состанок. Денес тој е мој сопруг

Седевме во паркот на една клупа пред која се простираше градот и конечно усните ни се допреа, а јас се чувствував како целиот свет да исчезна...

spiev-so-momceto-na-prviot-sostanok-denes-toj-e-moj-soprug-01.jpg

Иако беше наш прв бакнеж, прв состанок, сепак завршивме кај него во стан и цела ноќ уживавме во одличен секс. После само 6 месеци ние го кажавме судбоносното „Да”, а денес веќе имаме двајца здрави синови.

Дали ова значи дека веднаш треба да завршите во кревет со секое момче на првиот состанок?

- Секако дека не треба.

Дали тоа значи дека не треба да имате секс на првиот состанок?

- Зависи...

Многумина ќе ве советуваат дека не треба да имате односи со момчето на првиот состанок, а јас секако не се согласувам. Јас верувам дека сексуалната енергија е навистина моќна, таа лекува, креативна е и навистина е од корист. Верувам дека е природна и прекрасна, од обврзана па сѐ до онаа без обврски.

Верувам дека покрај моралите и наметнатите општествени правила, дека ние сме тие кои знаеме што е за нас најдобро, особено кога станува збор за сексот.

Кого и да прашате за оваа работа ќе ви каже различно, бидејќи секој човек знае што е најдобро за себе, а вас може само да ве советува.

Затоа,што треба да правите? Одговорот на ова прашање се крие во вас самите. Верувам дека треба да ја следите својата интуиција. Прашајте се себе следново:

1. Што сакам сега? Секс, љубов или и двете?

2. Ако не постоеше никакво осудување за мојата сексуалност, што ќе направев?

Во ниеден случај не треба да ви биде страв да си дадете поддршка и да сфатите што навистина е добро за вас. Вие заслужувате да живеете живот кој е сексуално и емоционално исполнет за вас.

Кое е вашето мислење на оваа тема? Се согласувате ли?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава