10 Совети од постарите луѓе за успешен и долг брак кои сигурно не ги знаете

Во добро и зло, во богатство и сиромаштија. Така барем одат заклетвите во текот на склопувањето на бракот, меѓутоа за истиот да биде успешен, потребен е голем труд.

10-soveti-od-postarite-lugje-za-uspeshen-i-dolg-brak-koi-sigurno-ne-gi-znaete-01.jpg

Двајцата партнери треба заеднички да ги спојат своите сили и да се трудат за нивната меѓусебна врска вистински да успее, но и да ги следат овие 10 правила од луѓе кои се со децении во брак.

1. Почнете го денот со ситниците кои ве прават среќни

„Кога наутро ќе се разбудите, помислете што најмногу би ја изненадило вашата сакана личност и направете ја таа ситница. Дури и 5 минути е доволно.” - Антоан, 81 година.

2. Тоа што сте блиску не значи дека сте поврзани

„Понекогаш морате да се потрудите околу врската, дури и ако ви изгледа тешко. Морате да се потрудите да сфатите што мисли другиот и да ги делите вашите мисли.” - Рубен, 72 години.

3. Не грижете се за брчките

„Кога навистина сакате некого, не забележувате како старее. Затоа и не треба да се вознемирувате околу ситниците, како на пример брчките. ” - Алфредо, 77 години.

4. Пронајдете го вашиот „лет 17”

„Ова можеби ви звучи чудно, но станува збор за кавгите. Кога ќе се скарате 16 пати, 17тиот едноставно нема да дозволите. Премолчете и ќе видите дека тоа одлично делува.” - Ралф, 70 години.

5. Негувајте го пријателството

„Тоа е нешто што ќе ви остане после долго време и секој пар првенствено мора да има добро пријателство, бидејќи без тоа врската нема да опстане.” - Лидија, 73 години.

6. Опкружете се со среќни парови

„Едноставно е: среќни луѓе, среќен живот. Доколку некој цело време ви зборува за тоа колку е лош бракот и вие истото ќе го мислите за својот.” - Џереми, 80 години.

7. Повторувајте ги нивните прашања

„Ова правете за да бидете сигурни дека најдобро сте разбрале што ви зборува саканата личност. Па така ќе ги избегнете кавгите заради „расипан телефон”. - Лусија, 75 години.

8. Поделете ги обврските според силата

„Не е важно кој бил на ред за миење на валканите садови, ако вам ви е полесно, тогаш фатете се за работа. Така ќе се создаде пријатна атмосфера, па следен пат вашата сакана личност ќе ги измие дури и кога не и е редот.” - Дикси, 84 години.

9. Правете паузи

„Ако забележите дека претерувате во кавгата, тогаш направете пауза. Подобро е да ја изладите малку главата, отколку да кажете нешто што не мислите. ” - Чен, 75 години.

10. Секогаш има место за учење

„Немојте да го затворате умот пред новите работи. Бракот е процес кој трае и со самото тоа е подложен на промени.” - Саманта, 80 години. 

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава