5 Работи кои ги научив од мојата сопруга во првиот месец од нашиот брак

Иако сум во брак само 30 дена, што значи дека сум нов тука, благодарение на мојата одговорна, мила и брилијантна сопруга до сега навистина научив многу работи.

5-raboti-koi-gi-nauciv-od-mojata-sopruga-1

Секако, на некои од овие лекции таа ме научи и пред да го кажеме судбоносното „Да”, но во текот на овие 4 недели сфатив дека бракот со неа е навистина нешто посебно:

1. Мислев дека сум добар слушател, но не сум. Сѐ уште.

Научив дека кога ме прашува нешто, јас всушност и одговарам механички. Така кога ќе ми рече „Кои се твоите планови утре?”, јас ѝ одговарав несоодветно како на пример „Четврток”...Тогаш мојата сопруга ја презеде контролата во свои раце. Убаво и јасно ми потенцираше дека не е во ред да бидам концентриран на споредни работи и само да одговарам со низа зборови, туку дека навистина е потребно да сослушувам.


2. Не сите проблеми имаат потреба да бидат решени.

Сфатив дека не е потребно секогаш да ги анализирам нејзините проблеми и да ѝ нудам решение. Всушност, кога доаѓа дома нервозна, доволно е да ја утешам со неколку зборови и да ѝ понудам прегратка.


3. Но, кога има потреба од решавање на проблем...

Односно, кога прегратка не може да го реши проблемот, тогаш постои чоколадо, сладолед, пица или било што кое таа го обожава. Имајте го секогаш во вашиот ладилник.


4. Во бракот нема победник

Кавгите околу тоа кој е во право, а кој не е треба да бидат сведени на минимум. Така е многу поздраво за една врска и секогаш мора да постојат компромиси.


5. Јас и таа не се возбудуваме исто

Еднаш додека ја соблекував, ми рече дека ѝ е потребно да биде заведена за да се возбуди. Но, кога сте во брак со најдобриот пријател, понекогаш лесно е да заборавите дека таа е жена и дека нејзиното тело функционира поинаку. 

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава