6 работи кои ниту една жена не треба да ги направи заради маж

Љубовта е чудна сила која ги придвижува луѓето. Но, знае и да биде опасна, кога нè заслепува и нè тера да правиме работи на кои инаку не би ни помислиле. Ако сакате да имате среќен и исполнет живот, тогаш некои работи не треба да ги направите за ниеден маж, па макар бил и „последниот на светот“.

raboti-koi-zenite-ne-treba-da-gi-pravat-poradi-mazite-01

Не се откажувајте од своите соништа

Никогаш не дозволувајте да се доведете во ситуација кога тој ќе ве принуди да бирате помеѓу него и вашите соништа. Без разлика колку тие нему да му се чинат едноставни и безначајни. Она што не смеете да го направите е да се откажете од нешто важно, за да му угодите нему.


Не го менувајте својот изглед

Само затоа што на вашето момче му се допаѓа некоја згодна пејачка, актерка или манекенка, не значи дека треба да почнете да се трудите да станете како неа. Никогаш не го губете личниот идентитет за да му се допаднете. Нема да успеете така да го задржите, ако тој не ве прифаќа онакви какви што сте.


Не ги запоставувајте пријателите

Во денешно време секому му фали време за да ги заврши предвидените обврски. Но, и кога имате слободно време не би требало да го поминувате само со партнерот. Вашето семејство и пријателите ви се исто така потребни. Распоредете го времето за никој да не се чувствува запоставено.

raboti-koi-zenite-ne-treba-da-gi-pravat-poradi-mazite-1

Не глумете нешто што всушност не сте

Никогаш не си дозволувајте да изгледате поглупаво или понепривлечно, само за тој да се истакне и подобро да се чувствува. Вие треба да бидете најдоброто нешто што го има. Колку и да се перчат, сепак сакаат да се пофалат и со својата девојка. Треба да биде горд на вас.


Не се изгладнувајте

Нема ништо лошо во тоа да држите диета или да вежбате и да се трудите телото да го одржувате здраво и витко. Но, најважно е тоа вие да го сакате за себе, а не само за да го задоволите партнерот. Ако вие сте задоволни, тогаш ќе се чувствувате сигурно.


Не му дозволувајте да ве контролира

Колку и да го сакате не смеете да дозволите да ве контролира и да одлучува во ваше име. Ако сте во сериозна врска нормално е дека некои одлуки ќе ги носите заедно. Во ред е да го прашате за мислење, но никако не смее вашиот живот да зависи од неговата одлука или замисла.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава