Каква љубовница сте? Овие особини ги имаат само најдобрите

Речиси секоја жена е убедена дека нејзините вештини во креветот никогаш не се доволни. Меѓутоа, наместо да размислувате за недостатоците, поработете на овие неколку особини кои се одлика само на најжешките љубовници.

kakva-ljubovnica-ste-ovie-osobini-gi-imaat-samo-najdobrite-01.jpg

Не осудувајте

Без разлика дали се работи за фантазиите на партнерот или вашите, отвореноста за различни предлози е една од карактеристиките кои ве прават неодоливи во машките очи. Едноставно слушајте што тој има да каже, може да слушнете многу интересни предлози.


Бидете иновативни

И најобичниот потпирач на троседот обидете се да го гледате како место за нова поза. Бидете креативни, заврзете го партнерот, испробајте неколку улоги или направете било што што ќе ви ги промени сексуалните активности.


Ставете ги туѓите потреби пред вашите

Секако, не треба да ги запоставите своите, но несебичната желба да го задоволите партнерот може да има многу подобар ефект.


Имајте желба да пробате се барем еднаш

Тешко е да откриете во што сте најдобри ако имате ограничен број на пози. Никој не ве советува да стоите на глава за време на сексот, но испробувајте нови техники, трикови и користете ги сите предлози кои сте ги слушнале. Ако ништо друго, добро ќе за забавувате.


Уживајте во времето кое го поминувате со себе

И тука не спаѓа времето поминато пред телевизор или на интернет, туку времето за самозадоволување. Жената која добро го познава своето тело му ја олеснува работата на партнерот, а и си го олеснува патот до задоволството.


Бидете секогаш во добра кондиција

Стручните лица одамна утврдија дека оптималната тежина и редовната физичка активност е најдобриот афродизијак за спротивниот пол. Тоа ќе ве направи посебно добра љубовница затоа што вежбањето ја подобрува издржливоста, либидото и самодовербата.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава