Не оставајте го добриот на резерва, само бидејќи лошиот партнер сте го оставиле на доверба!

Често после пропаднатата врска, луѓето се затвораат во себеси и не им веруваат на идните партнери во врската само поради тоа што некој во минатото ја изневерил нивната доверба.

ne-ostavajte-go-dobriot-na-rezerva-samo-bidejki-losiot-partner-ste-go-ostavile-na-doverba-1

Тоа што сте се изгребале на еден трн, не значи дека треба да ги мразите сите ружи, гласи една од познатите поговорки во светот која е вистинита.

Ако ви изгледа премногу клише, гледајте на неа на ваков начин, тоа што сте се изгребале на еден трн, ве научило дека ружите сепак имаат трња, а вие треба да бидете внимателни каде фаќате.

Не смеете да ги мразите сите ружи поради вашата невнимателност, туку треба да ги отворите очите држејќи ја во рака наредната ружа, бидејќи не постои некоја без трња.

Но, доколку бидете претпазливи и ја држите на правилното место никогаш нема да се изгребете од неа, ниту пак таа ќе ве боцне самата, а доколку ве боцне ненамерно, сепак вреди да ја истрпите болката за вистинска ружа која ја раскрварила вашата рака десет пати помалку од таа што тоа го направила намерно.

Давајте шанса и сакајте како да ви е првпат, препуштете се целосно, бидејќи нема што да изгубите, освен погрешната личност покрај себе.

Но, може да добиете сопатник за цел живот доколку сте ја пронашле вистинската личност, а тоа ќе го дознаете доколку се препуштите целосно, не оставајќи го добриот на резерва, само бидејќи на лошиот партнер сте му дале преголема доверба која ја изневерил!

ne-ostavajte-go-dobriot-na-rezerva-samo-bidejki-losiot-partner-ste-go-ostavile-na-doverba-2

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава