6 типови момци со кои сите биле на состанок
Секоја девојка има различен вкус за момци, различни работи кои ѝ се допаѓаат, па според тоа го одредува и својот тип.
Но, постојат некои типови кои на овој или оној начин им се заеднички на сите девојки.
На секоја ѝ се случило да излезе барем еднаш со некој од овие 6 типови момци:
Лошото момче
Тој има своја дива страна, без разлика дали е откачен по природа и во друштво или само пред вас прави некои глупости, вие го обожавате. Тој ви го крева адреналинот иако никогаш не можете да знаете на што сте со него. Сигурно не би сакале да го однесете дома и да го запознаете со родителите, но знаете дека цел ден би го поминале со него.
Господин џентлмен
Тој е оној кој секогаш изгледа отмено и со стил. Секогаш е тука за да ја плати сметката, покрај него се чувствувате како мала принцеза, но за сметка на тоа, знаете дека кариерата му е на прво место. Тој ги има сите манири кои ве освојуваат, но тој така се однесува со сите.
Спортски тип
Делува забавно, слободно и опуштено, ама најчесто кога е во друштво со своите пријатели. Ги следи сите спортски натпревари, опседнат е со омилениот тим, посветен е на себе и своето тело, а вие сте само плус забава. Тој е друштвен тип, но за ништо не се врзува, освен за другарите.
Совршен тип
Кога ќе го погледнете тој е совршен и како излезен од некое списание. Совршено изгледа, има смисла за хумор, нежен е и романтичен, нема некоја што не би го посакала. Но, едноставно не можете да бидете со него затоа што го нема клучниот фактор: хемија меѓу вас.
Финото момче
Тој е внимателен и разумен. Секогаш тука кога ви е потребен. Ќе направи сè што ќе посакате, само за да ве види среќни. Културен и со манири, дефинитивно момче кое секоја мајка би го посакала за својата ќерка. Но, вие попрво би го претставиле како супер другар.
Забавниот тип
Тој знае да направи шега во секоја ситуација. Дури и кога ви е најтешко, успева да ви ја извлече насмевката. Сите во друштвото го обожаваат, но проблемот е кога ќе помислите дека него сè му е забава и дека никогаш нема да порасне.
Кој е вашиот тип?
Би можело да ве интересира:





