7 Клучни прашања кои треба да си го поставите пред веридба

Уживате во врската и веќе се чувствувате подготвени да го направите следниот чекор, но пред пребрзо да се нурнете во веридбата поставете си ги овие прашања...

7-klucni-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pred-veridba-1

Доколку сметате дека навистина сте подготвени на тој чекор понатаму, тогаш без никаков проблем ќе си ги одговорите следните 7 клучни прашања:

1. Кои се неговите/нејзините пријатели и роднини?

Многу е важно да ги запознаете најблиските личности во животот на вашиот иден партнер, односно партнерка. Можеби ви звучи очигледно, но не е доволно само да ги знаете по име, туку и да се согласувате, дружите и да контактирате со нив.


2. Што тој/таа сака да јаде?      
    
 

Какво кафе пие, на што е алергичен/на, кое му е омилено јадење, омилен пијалак...Можеби ви се чинат за ситници, но овие работи играат голема улога во заедничкиот живот.


3. Дали е политички определен? Во која религија верува?

Пред да го кажете судбоносното „Да” морате да разговарате за политичкото определување и религијата, бидејќи подоцна тоа ќе се одрази како врз вашиот брак така и врз воспитувањето на децата.


4. Кои се неговите/нејзините ставови за воспитување на деца?

Многу парови се соочуваат со голема криза во врската кога ќе добијат дете. Важно е да делите слични ставови или да се дополнувате, па ако едниот е попустлив другиот нека биде построг и слично.


5. На што најмногу троши пари?

Ако едниот од партнерите троши премногу, а другиот штеди тоа ќе доведе до секојдневни несогласувања во бракот. Затоа пред да влезете во брак дискутирајте околу финансиите.


6. Колку е посветен/а на работата?

Ако сте заминале на викенд а тој/таа седи на компјутерот и работи, тогаш што ќе биде додека сте во брак? Можеби сега не ви изгледа како проблем, но сепак слободните денови и викенди се само за вас, а не за работата.


7. Дали ги знаете сите нејзини/негови маани?

И ако ги знаете, дали сте заљубени во тие маани? Недостатоците кога-тогаш ќе се појават во заедничкиот живот, затоа е многу важно да ги засакате нејзините/неговите маани исто толку колку и доблестите.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава