Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 Начини да му помогнете при проблем со ерекцијата

Романтично галење, бакнежи, прегратки...сѐ оди според планот, но одеднаш сфаќате дека најважната работа недостига!

10-nacini-da-mu-pomognete-pri-problem-so-erekcija-1

Ако некогаш се случило вашиот партнер да не може да доживее ерекција, тогаш не дозволувајте сценарио повторно да ве снајде.

На секого може да му се случи, а преку овие 10 начини вие ќе му бидете од голема помош:

1. Научете како функционира

За да можете да му помогнете, мора да знаете како овие работи функционираат кај мажите. Кога тој се возбудува, неговиот мозок праќа сигнали до нервите во пенисот да се опуштат крвните садови кои таму се наоѓаат. Заради тој силен притисок крвта останува заробена таму и органот станува тврд. Кога мажот ја губи ерекцијата, се случува токму спротивното - притисокот попушта, крвта излегува, а органот станува мек.


2. Не се обвинувајте себе

Точно е дека мажот може да не доживее ерекција доколку жената не му е привлечна, но тоа се ретки случаи, а ерекцијата се јавува најчесто заради други причини.


3. Бидете добри кон него

Пружете му поддршка во овие мигови и утешете го, бидејќи за мажите ова е навистина огромен шок и разочарување.


4. Дознајте ги можните причини

Листата е долга, но дел од причините за проблем со ерекција се: нервоза, стрес, депресија, алкохол, дрога, вишок килограми или проблеми со здравје. Дијабетесот, срцевите заболувања се дел од болестите кои влијаат на ерекцијата.


5. Променете ја тактиката

Ако наеднаш ја изгуби ерекцијата, пробајте нешто поинакво. Вратете се на предиграта и преминете на орално задоволство. Обидете се со било што друго кое е привлечно за двајцата.

10-nacini-da-mu-pomognete-pri-problem-so-erekcija-2

6. Разговарајте

Откако тој ќе се опушти, поделете мислења и чувства. Ваквиот разговор дополнително ќе ве зближи, но и ќе му направите на вашиот партнер да му биде многу полесно.


7. Посетете доктор

Ако нешто вакво се случува многу често, време е да посетите лекар. Нема причина за срамење, а лекувањето е најефикасно кога партнерките ги поддржуваат своите мажи при одењето на лекар. Постојат многу начини за лекување на овој проблем, па така немате ниту една причина за да се грижите.


8. Нежно при мастурбација

Мастурбацијата не е забранета, но посоветувајте го партнерот да биде понежен. Употребата на лубрикант во овие случаи е добро дојдена.


9. Преглед на срце

Голем дел од мажите кои во болниците се јавуваат со прв инфаркт, обично во претходните 3 години имале проблем со ерекција.


10. Размислете за задоволството

Сексот не претставува само пенис кој влегува и излегува од вагината. Пронајдете и други креативни начини да се задоволите и да уживате во тоа. 

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg