9 совети за жените: Што да направите за да му недостигате?

Мажите се така создадени суштества кои постојано имаат потреба да бидат посакувани, барани, да добиваат внимание, но од друга страна сакаат и постојано да се во лов.

9-soveti-za-zenite-sto-da-napravite-za-da-mu-nedostigate-01

Токму поради тоа треба да им оставите простор да им недостигате. Колку и да не сакате да се оддалечите од нив, подобро е ако сакате врската да ви успее.

Понекогаш е тешко да се воспостави рамнотежа за односот да функционира одлично, но ако ги следите овие 10 совети може и да постигнете позитивен резултат.

Ако сте во врска...

Ако чувствувате дека искрата помеѓу вас почнува да се гаси, немојте веднаш да очајувате. Со текот на времето тоа им се случува на многу парови, доколку не работат на својот однос. Дајте му на партнерот шанса малку да се потруди за вас.

1. Раскажете му како сте си го поминале денот

Еден од најдобрите начини за да го натерате партнерот да му недостигате е да му покажете дека добро се забавувате и без него. Тој сака да биде дел од вашиот живот и сака да ве направи среќни, па ќе се обиде да го придобие вашето внимание за да ви покаже дека и покрај него може да ви биде забавно.

2. Не му бидете достапни секој момент

Ако момчето ви прати порака немојте во истиот момент да му враќате, освен ако не е нешто итно. Дајте му малку време да се прашува што се случува. Тоа ќе го заинтригира уште повеќе. Одговорете му дури по неколку часа, бидејќи така ќе знае дека нешто ви се случува и во времето кога не сте со него.

3. Имајте незаборавен секс

Вашиот партнер ќе ви биде особено благодарен ако му приредите незаборавна забава во креветот и поради тоа ќе ве обожава уште повеќе. Поради тоа, потрудете се да ја искористите фантазијата и да му овозможите неверојатен секс кој ќе го памти цел живот. Ако ви изгледа незаинтересирано, однесувајте се исто и останете рамнодушни, тоа сигурно ќе го разбуди неговиот интерес.

4. Игнорирајте го

Ако тој се однесува ладно кон вас, играјте ја истата игра. Едноставно однесувајте се како да сте премногу зафатени за да разговарате со него. Оставете го тој прв да попушти и да ви пријде. Понекогаш на мажите треба да им недостигате.

9-soveti-za-zenite-sto-da-napravite-za-da-mu-nedostigate-1.jpg

 Ако не сте повеќе заедно

Ако не сте веќе во врска, но сакате да направите нешто за да му недостигате, тогаш мора да направите нешто со што ќе го натерате да види и да сфати што изгубил.

5. Изгледајте совршено

Прво правило кога сакате да му недостигате на бившиот е да изгледате неверојатно и без него. Тоа ќе го полуди и ќе му го повреди егото. Ако знаете дека ќе се појави некаде, каде што ќе биде и вашиот бивши, дајте сè од себе и изгледајте најдобро што можете.

6. Појавете се со некој друг

На јавно место појавете се со друг маж, ако знаете дека бившиот е присутен. Тогаш сигурно ќе се сети на сите заеднички моменти со вас и наеднаш ќе почувствува желба за да биде со вас.

7. Однесувајте се љубезно

Кога ќе го сретнете однесувајте се пристојно, човечки, како да се среќавате со стар пријател, а не со бившото момче.

8. Бидете среќни и без него

Не очајувајте , бидејќи тоа нема да функционира. Во таква ситуација може само да се жалите. Мора да бидете среќни и весели без него за да ве забележи. Никому не му недостига очајната бивша девојка.

9. Носете го неговиот омилен парфем

Ако искрено сакате да го натерате да му недостигате, тогаш ставете го вашиот парфем кој нему му е омилен. Тоа ќе го потсети на заедничките моменти и одеднаш ќе почнете да му недостигате.

Понекогаш мажите тешко можете да ги натерате да им недостигате, но со малку труд и тоа е можно. Имајте трпение и не заборавајте дека мажите сакаат кога треба да ве ловат. Вие треба само да им дадете шанса за такво нешто.

9-soveti-za-zenite-sto-da-napravite-za-da-mu-nedostigate-2.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава