Што после незаштитен секс?

На секого може да му се случи незаштитен секс, но колку побргу се реагира, толку полесно ќе се избегнат несаканите последници.

sto-posle-nezastiten-seks-01.jpg

Што треба, а што не треба да правите ако се најдете во ваква ситуација?

Немојте веднаш да се туширате и да миете заби

Тажната вистина е дека во вакви ситуации штетата е веќе направена. Туширањето, лежењето во када, миењето заби или користењето на вода за уста само може да ги зголеми шансите да добиете СПБ со тоа што дополнително ќе ја изиритирате кожата и ќе предизвикате микро-пукнатини преку кои вирусите и бактериите полесно ќе навлезат во организмот.


Напијте се пилула за ден потоа

Оваа орална контрацепција ако се земе во рок од 24 часа после незаштитениот однос го намалува ризикот за несакана бременост дури до 95% (89% ако се земе во рок од 72 часа).


Тестирајте се за СПБ

Ако не го познавате доволно сексуалниот партнер, имате обврска и кон себе и кон идните сексуални партери да проверите да не сте „закачиле“ нешто. За сексуално преносливи болести може да се тестирате најмалку три месеци после ризичниот однос.


Направете тест за бременост

Бременоста може да се открие после само три недели од незаштитениот однос па ако се сомневате, важно е што порано да го направите тестот за да може со време да ги планирате опциите.


Памет во глава за нареден пат

За да не ви се повторат овие нервози, купете заштита и носете ја секогаш со себе.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава