Ако не сакате да го изгубите, признајте му ги овие 7 работи на почеток

Сите имаат свои маани и свои доблести. Но, најважно од сè е да бидете искрени. Подобро е работите да се кажат на почеток на врската за двајцата да знаете на што сте, отколку клучни работи да се откријат подоцна.

ako-ne-sakate-da-go-izgubite-priznajte-mu-gi-ovie-7-raboti-na-pocetokot-01

На почетокот немате што да изгубите, ако некој не ве прифати какви што сте, тогаш не ве ни заслужува.

Но, доколку се открие подоцна, може да направите поголем проблем. Затоа, признајте му ги на партнерот овие 7 клучни работи, доколку ги имате:

1. Гледање порно филмови

Многу е голема веројатноста дека и тој гледа, па нема потреба да се криете. Дури може и да го импресионирате.


2. Долгови

Вашите долгови се ваши, нема зошто некој да ве обвинува, затоа што и не ви ги плаќа. Но, подобро е да знае дека ги имате, отколку да не му е јасно која е причината што не прифаќате ниеден викенд да отпатувате надвор од градот.


3. Расеаност

Покажете се во вистинско светло и не се преправајте во нешто што не сте. Колку и да се трудите да ги скриете мааните, еднаш ќе излезат на виделина. Ако постојано заборавате и сè правите во последен момент колку и да успевате првите неколку пати, ќе дојде време кога ќе се откажете и на површина ќе излезе вашата расеаност. Покажете се на почетокот и дозволете да ве прифати каква што сте.

ako-ne-sakate-da-go-izgubite-priznajte-mu-gi-ovie-7-raboti-na-pocetokot-1.jpg

4. Љубомора

Најдобро е да не бидете љубоморни, но ако веќе сте, подобро кажете му на што да внимава, што ви пречи и како да го надминете заедно сето тоа, без непотребни сцени.


5. Политички и религиски верувања

Иако на прв поглед сигурно не ви е важно во што верува, како одминува врската, така постепено се забележува влијанието на неговите уверувања и во другите аспекти. Добро е уште на почеток да разговарате за тоа и да знаете на што сте. Политичките и религиските уверувања доколку не се прифатат, колку и да се различни може да бидат сериозен проблем.


6. Здравствени проблеми

Нема од што да се срамите, оној кој е со вас мора да ве прифати целосно. Особено ако се работи за здравствен проблем кој често покажува некакви симптоми, тој мора да знае како да ви помогне во секоја ситуација. Многу полошо е ако не знае дека воопшто имате некаков проблем.


7. Вештини

Како што знаете да се пофалите со нешто што знаете да направите, така треба да бидете искрени и да признаете кога нешто не знаете да направите. Не се сите надарени за готвење, па подобро да си кажете на време, отколку да експериментирате безуспешно.

ako-ne-sakate-da-go-izgubite-priznajte-mu-gi-ovie-7-raboti-na-pocetokot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава