10 причини поради кои сè уште немате сериозна врска

Ако подолго време сте сингл и никако не можете да откриете во што е проблемот што сите други имаат нормални сериозни врски, а вам никако нешто да ви се погоди.

10-pricini-poradi-koi-se-uste-nemate-seriozna-vrska-001

Постојано нешто ви излегува што ве спречува. Еднаш тоа е кариерата, потоа немањето време, премногу обврски, стравови од претходни врски и сето тоа придонесува за да не можете да ја одржите врската која посакувате да ја имате.

1. Тест за инстант задоволства

Денешните генерации се навикнати на инстант задоволства, особено материјални, во облик на телефон, диплома, брзо добивање на храна или која и да е услуга. Задоволството станува навика, лесно се добива и брзо досадува.


2. Културата е изградена на пороци

Пороците се во чекор со моменталните задоволства, а модерната култура наместо да ги отфрла, сè повеќе ги прифаќа и истакнува. Неколку чашки алкохол се најлесниот начин до моменталното задоволство кое ви го поматува умот.


3. Секс, секс и уште малку секс

Генерално, луѓето денес се многу попромискуитетни и склони кон авантури отколку порано. И жените и мажите знаат да имаат по повеќе партнери, лесно да преминуваат од еден на друг. На тој начин ниедна врска не се продлабочува и не може да премине во сериозна. Особено се актуелни отворените врски каде речиси секој може да биде со секого и на крајот никој со никого. Се користат приликите за секс авантура без да се мисли за иднината потоа.

10-pricini-poradi-koi-se-uste-nemate-seriozna-vrska-1.jpg

4. Егоизмот е главен

На сите најважни им се личните цели и грижата за себе. Многу често како нормална вредност се истакнува фокусот исклучиво на сопствените потреби и желби, без размислување за другите луѓе. На тој начин не можете да се посветите некому посериозно, доколку сте преокупирани со себе.


5. Врските станаа спорт

Наместо целта да биде да се одржи врската и да има посериозна иднина, денес се влегува во некој однос само за привремена забава, секс или со предвремен договор дека нема да има венчавка, деца. Сето тоа ги намалува романтичните очекувања и идеите за вистинска љубов.


6. Нема компромис

Со оглед на егоизмот, недостига и компромисот. Цврстите ставови до кои се придржуваме и вообразеноста да се размисли за другата страна не прават затворени и недостапни едни за други. Компромисот е клучен и за почетокот, но и за одржувањето на една зрела и пристојна врска. Ако него го нема, крајот се навестува во секој момент.

10-pricini-poradi-koi-se-uste-nemate-seriozna-vrska-01.jpg

7. Верувањето во бајки со среќен крај

Додека секојдневно слушаме негативни сценарија и минимални шанси за пронаоѓање на вистинскиот, некои други живеат во светот на бајките и холивудските филмови, па имаат преголеми очекувања. Тотално спротивните размислувања создаваат хаос кој не може да донесе ништо добро и сериозно.


8. Секогаш постои некој подобар

Сите ликови на медиумите, во списанијата, па и во високиот свет само не залажуваат дека совршенството постои. Наоѓаме ликови со кои се идентификуваме, замислуваме и посакуваме, па никој од „нормалните“ не може да го достигне нивното ниво. Секогаш гледате дека нешто подобро постои и ви е на дофат на раката, иако можеби никогаш нема да може да го имате. Сепак, тоа е црвот кој ве нагризува и не ве остава да уживате во она што го имате.

10-pricini-poradi-koi-se-uste-nemate-seriozna-vrska-3.jpg

9. Целта ги оправдува средствата

Културните вредности во општеството ни кажуваат дека треба да се фокусираме на себе и на остварување на сопствените цели за среќа. Иако е важно секој човек да има своја цел, уште поважно е таа да биде вистинска. Најважно во сето тоа е да се одреди вистинската вредност и да се постават приоритетите, па да се најде што е она што вистински нè прави среќни. Дали е работата до доцна во ноќта или времето поминато со партнерот. Само така ќе знаете за што треба повеќе да се борите.


10. Не знаете да сакате

Мислите дека сето тоа е едноставно и природно. Можеби некогаш било, но денес е речиси сè пресметано. Не знаете вистински да сакате ако постојано се преправате, се умилкувате или попуштате и ги ставате проблемите под тепих само за да го добиете тоа што го сакате. Љубовта е вештина која се учи и не е срамота да кажете дека не знаете да сакате. Пострашно е да мислите дека знаете сè и да не се трудите, а на крајот да ја обвинувате судбината.

10-pricini-poradi-koi-se-uste-nemate-seriozna-vrska-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg