Треба да го прочитате ова: За сите оние кои лесно веруваат, а на крајот остануваат повредени

Познато сценарио - се среќавате, пеперутки, среќа, силна поврзаност, но одеднаш на ред доаѓа несигурноста, стравот од оставање, беспомошност, очај... Крај. Тогаш остануваат само прашања. Зошто? Што се случи? Зошто веќе не ме сака? Што се промени?

treba-da-go-procitate-ova-za-site-onie-koi-lesno-veruvaat-a-na-krajot-ostanuvaat-povredeni-01.jpg

Ќе си поставувате илјада прашања на кои нема да најдете одговор. Тогаш ќе почнете да размислувате дека е само заради вас или затоа што вашата љубов пронашла 10 пати подобра врска која не може ни да се спореди со вашата.

Тогаш сè станува потешко. Почнувате да размислувате како не сте доволно добри и дека на никој не може да му се допаднете. И тогаш се присетувате на сите луѓе од кои сте се разделиле.

Како исчезнаа туку така? Зошто луѓето го менуваат мислењето? Зошто љубовта исчезнува?

Едноставно е. Сите мораме низ животот да поминеме низ фазата на скршено срце. Животот ни дава лекција на кој може да му веруваме, а на кој не, за на крајот да сфатиме каква личност заслужуваме.

Секогаш имајте на ум дека оние кои ве оставиле кога-тогаш во животот ќе зажалат.

Освен ако навистина не правите нешто лошо со што ги бркате од себе, ако не лажете, изневерувате, не ги почитувате и омаловажувате, тогаш тие се оние кои ве губат во неповрат.

Заслужувате некој кој ќе биде среќен и благодарен што е дел од вашиот живот, што со вас може да ги сподели емоциите и грижите. Не заслужувате игнорирање, навредување, ниту болка.

Запаметете, вие сте прекрасен човек кој го заслужува само најдоброто од луѓето.

Оние кои не го гледаат тоа во вас, губат драгоцено и прекрасно животно партнерство.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава