Џабе се надевате: Овие типови момци никогаш нема да се сменат

Заљубени сте до уши, знаете дека нешто не ви штима, сте ве предупредуваат, но вие сте цврсто убедени дека му треба време, ќе се смени, вие ќе го смените, нешто ќе се случи...

dzabe-se-nadevate-ovie-tipovi-momci-nikogas-nema-da-se-smenat-01.jpg

За жал, вистината е сурова и колку и да не сакате, мора да прифатите дека некои типови момци нема никогаш да се сменат, што и да направите.

Или прифатете ги такви или оставете си и најдете го тоа што го барате.

1. Пати по бившата

Можеби мислевте дека кога вие ќе се појавите, веднаш ќе ја заборави бившата, но за кратко ќе видите дека таа може и воопшто да не е во негова близина, но сè уште го има неговото срце. Него сè го потсетува на неа и постојано ја спомнува. Бегајте побрзо од него, ако не сакате цел живот да го слушате како кука.


2. Негативно размислува

Нему сè му пречи, од црцорењето на птиците, до редот во банка или на каса, постојано е нервозен и за сè има забелешки. За него никогаш нема да биде доволно добро што и да направите и ќе се чувствувате виновни за сè што му се случува. Нема да го разубедите, тој така гледа ан сите работи.


3. Сака сè
да контролира

Ова е една од најлошите машки особини. Може и од дома да не излегувате, но тој постојано ќе ве обвинува за можно замислено неверство и никогаш нема да ви верува доволно за што и да му кажете освен ако не е врзан за вас. Од постојаната потреба за контрола, тој е опседнат со сомнежи.


4. Љубоморен

Може и да ви верува вам, но се вади на тоа дека не им верува на другите. Едноставно, го мрази секое машко присуство во ваша близина, макар да е тоа и најдобриот пријател. Нема долго да издржите и ќе почне да ве гуши сето тоа.


6. Постојано греши и постојано се извинува

Во ред е да се прифати извинување на некој кој случајно згрешил или искрено се кае. Но ако тој постојано ве лаже, изневерува, а потоа се извинува и ве моли, оставете го веднаш. Тој е така навикнат и колку пати што ќе му простите, уште толку пати ќе го повтори истото.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава