4 добри причини за флерт и додека сте во врска

Признајте дека барем неколку пати додека сте биле во врска сте се фатиле како флертувате со некој/а симпатичен/а непознат/а кој/а се нашол/ла во ваша близина.

4-dobri-pricini-za-flert-i-dodeka-ste-vo-vrska-01

Некои го прават тоа свесно, некои несвесно, па имаат грижа на совест, но сепак чувствуваат дека им годи.

Постојат 4 добри причини зошто е добро да флертувате дури и кога сте во врска:

1. Флертот ја одржува вашата женственост/мажественост

Штом некој/а ве погледне заводливо, веднаш се чувствувате посебно привлечно. Ништо не може да ве спречи во тоа да се чувствувате секси, само затоа што некој ве „мерка“. Флертот со поглед може да го издвоите како кондиционен тренинг секаде каде што стоите или чекате, а немате попаметна работа.


2. Ви се подигнува самодовербата и расположението

Можеби сте дотерале за да привлечете внимание и да се чувствувате добро, ако никој/а не се заврти по вас, може дополнително да се разочарате. Но, ако некој/а ви упати комплимент, вие го прифатите и возвратите, па комуникацијата продолжи, расположението и самодовербата значајно ќе ви се зголемат. Малку флерт може да ви го спаси дури и лошиот ден.

4-dobri-pricini-za-flert-i-dodeka-ste-vo-vrska-1.jpg

3. Ви помага да ја канализирате лутината

Доколку сте се скарале со партнерот/ката, не мора да значи дека е готово, но флертот со некој/а друг/а, без никакви последици и продолженија, може барем во даден момент да ви ја канализира лутината. Ќе заборавите на него/неа и ќе се обидете да се расположите и убаво да си поминете. Тоа не значи да го изневерите партнерот и да заминете со некој/а непознат/а, но може да се смирите и потоа потрезвено да размислите што ви вреди повеќе.


4. Ви покажува дека постоите

Колку и да сте посветени, сакани и полни со љубов, свесни сте за длабоката поврзаност која ја имате со партнерот, но и дека вие имате и личен живот. Сакате да се почувствувате дека сте дел од светот и дека ве забележуваат и другите, а не дека живеете во затворен микро свет каде постоите само ти и тој/таа. Затоа флертот со други е добредојден, само колку да се почувствувате забележано, но тоа не значи дека нешто се менува во вашата врска.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава