Мора да раскинете: Ситуации во кои ни љубовта не помага

На почеток кога ќе се вљубите ништо не ви изгледа невозможно и ви се чини дека љубовта ќе трае вечно.

mora-da-raskinete-situacii-vo-koi-ni-ljubovta-ne-pomaga-01

Но, по првиот „меден месец“, почнуваат првите пречки и проблеми. Како одминува времето станувате сè посвесни за проблемите и недоразбирањата. Љубовта е тука, но ниту таа не може да го реши она што ви пречи. Таа дава само енергија за да се издржи подолго и да се одложи проблемот. Но, на крајот решението е едно: Мора да раскинете!

Врска на далечина

Да не се лажеме, ниедна врска на далечина не е пожелна и за неа има само две решенија: или завршува со брак или со раскинување. Не можете да правите планови и да живеете само со тоа дека вие се сакате кога многу ретко сте на исто место и колку и да си верувате, секогаш постои мал сомнеж на недоверба и тајна. Доколку не гледате решение како би се преселиле еден кај друг, тогаш мора да го направите неизбежното и да раскинете, пред да изгубите премногу време.


Кариера

Иако љубовта е најважна, мора и од нешто да живеете. Ако на тоа се додаде дека сте и амбициозни и веќе имате зацртани цели кои само ви се дополнуваат, тогаш сигурно знаете дека љубовта е онаа која малку ќе страда. Единствен начин за успех на двете полиња е доколку еден од партнерите не е толку амбициозен и не му пречи да биде во сенка на другиот, да го следи и поддржува. Во спротивно, најдобро е да раскинете, барем додека не ја постигнете кариерата која ја посакувате.


Некомпатибилност

Доколку едниот од вас сака деца, другиот смета дека не е сега време за тоа или доколку еден има едни верувања, другиот сосема спротивни и скоро во ништо не се согласувате, колку и да се сакате, всушност вие сте си само привлечни  еден на друг. За да се саакте треба да се прифатите какви што сте. Во спротивно, најдобро е да раскинете.


Несигурност

Несигурноста е една од главните причини за разочарување во врската. На пример, сомнежот дека партнерот сигурно нешто ви прави зад грб, којзнае со кого зборува на Фејсбук или како ги гледа другите, нема да ви донесе ништо добро. Ако не можете да се ослободите од таквата несигурност и недоверба, подобро ослободете се од партнерот.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава