Принц на бел коњ или само коњ?

Девојките често забораваат дека животот не е бајка, а нивниот дечко не е оној принц кој го чекале цел свој живот. Но, девојка како девојка се заљубува и останува со коњот иако гледа дека не наликува ниту малку на нејзиниот замислен принц.

princ-na-bel-konj-ili-samo-konj-1

Дали вашиот дечко е вашиот принц на бел коњ или само коњ, дознајте преку неколку од овие разлики помеѓу принцот и коњот.

Коњот манипулира, принцот ви дава слобода

Коњот гледа само право, но кога се работи за вас гледа на сите страни и се обидува вас да ви го помати погледот, едноставно ве манипулира за сè и сешто.

Принцот ви дава слобода бидејќи си ја сака слободата и знае дека кога тогаш доколку ве манипулира, вие ќе го напуштите.


Коњот само зема љубов, принцот дава и не очекува за возврат

Коњот секогаш ќе ве тера да му докажувате колку го сакате, додека принцот секогаш ќе се труди да ви докаже колку ве сака тој и нема да побара ништо за возврат бидејќи знае дека љубов е кога даваш, а не бараш.


Коњот нема однесување, принцот има

Коњот како коњ се однесува како животно, пцуе, нема култура и не знае да се однесува во друштво, уште помалку во ваше друштво, едноставно нема однесување.

Принцот секогаш ќе се обиде да ви остави добар впечаток на вас и на луѓето околу вас, односно тој не се ни обидува, неговото однесување е вродено во неговата кралска крв која е ретка.


Коњот е љубоморен, принцот знае дека нема потреба од љубомора

Коњот ќе ви кажува како да се облекувате, како да се шминкате, со кого да се дружите, да не излегувате и слично, едноставно е љубоморен бидејќи знае дека е коњ и може да ве изгуби.

Принцот знае дека е принц и нема потреба да биде љубоморен никому, кога тој ве има, не му е гајле дали другите ве посакуваат, бидејќи знае дека само тоа и го можат.


Коњот ве прави да се чувствувате како кобила, а принцот како принцеза

Доколку вашиот сакан ве прави да се чувствувате непријатно во негово друштво на било каков начин, сигурно е коњ, за разлика од принцот покрај кој би се чувствувале како принцеза.

Девојки, во кој тип го пронајодвте вашето момче?

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава