Сè повеќе парови во отворена врска: Какви се правилата?

Потребата од промена, надминувањето на можностите, задоволувањето на егото, се едни од главните причини, поради кои многу парови пристапуваат кон отворените врски, наместо да се придржуваат до моногамните.

se-poveke-parovi-vo-otvorena-vrska-kakvi-se-pravilata-01

Некои тоа го прават од љубопитност, некои од забава, а некои се едноставно такви. За ваквата врска да успее потребно е пред сè двајцата партнери истото да го сакаат, во спротивно не е дозволено и прифатливо.

Но, колку ваквите врски имаат иднина и каде водат? Доколку сакате ваква врска, потребно е да се придржувате до неколку правила:

Искреност на прво место

Пред сè мора да ги отворите картите и искрено да разговарате со партнерот. Уживате да бидете заедно, но чувствувате дека во вашиот живот има простор и за некој нов. Истовремено не сакате да го изгубите сегашниот партнер. Разговарајте разумно за тоа дали би можеле да функционирате како пар, во таков однос.

Преиспитајте се и обидете се да сфатите дали е во прашање само моментално чувство на монотонија во врската и дали ви е потребно да се потрудите малку повеќе или навистина сте подготвени за ваков комплициран однос.

Ако двајцата не се согласите дека тоа е она што ви е потребно, тогаш разговарајте на кој начин може да ја подобрите вашата моногамна врска.


Потребни ви се цврсти правила

Без нив отворените врски не можат да функционираат и тие мора да се почитуваат. Двајцата партнери мора да се договорат за она што го сакаат во својот однос. Ова се чести правила на успешната и отворена врска:

1. Секс со заедничките пријатели е забранет.

2. Сексуалните состаноци со други личности не смеат да влијаат на вашите заеднички планови и обврски.

3. Секогаш практикувајте секс со заштита.

se-poveke-parovi-vo-otvorena-vrska-kakvi-se-pravilata-2.jpg

Одредете ги границите

Ако не сакате да знаете со кого се гледа вашиот партнер, кажете му го тоа јасно. Истото важи и за него. Можеби не сака да слуша детали за новата личност во вашиот живот. Јасно поставете ги своите граници и до кое ниво ќе се впуштате во разговор со својот партнер.


Бидете подготвени за бура од емоции

Почетниците во отворените врски можеби не сфаќаат дека ваквиот однос може да предизвика голема љубомора, лутина и забелешки. Мора да знаете дека свесно сте влегле во ваква врска и сте дозволиле партнерот да се гледа и со други. Поради тоа мора да ги смирите страстите и не смеете да си префрлувате ништо еден на друг.

se-poveke-parovi-vo-otvorena-vrska-kakvi-se-pravilata-3.jpg

Прекинете ја врската ако ве прави несреќни

Отворената врска мора да биде заедничка одлука. Ако во кој било момент почувствувате дека веќе не ви е пријатно во ваквиот однос, јасно кажете му го тоа на партнерот. Ако престанете да се гледате со други, а вашиот партнер продолжи, тоа веќе не е отворена врска, туку  изневерување. Истото важи и во обратна ситуација.

Дали сте за или против ваквата врска?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава