Зошто повеќе успеваат врските во кои девојката е поубава, а мажот просечен?

Едно ново истражување открива дека паровите во кои жената е поубава од мажот се попозитивни од останатите парови.

idealen-spoj-prekrasna-devojka-i-ne-bas-privlecen-maz-01

Научниците се сомневаат дека причината е  во тоа што некои мажи придаваат лажно место на убавината. Додека жените бараат поддршка во мажите.

Секако убавината е субјективна, но сепак постојат универзални стандарди и специфични пропорции и кај мажите и кај жените.

Иако некои претходни истражувања покажуваат дека сличностите се привлекуваат, тоа се случува најчесто кај новите парови кои тогаш се запознаваат и убавината им претставува важен критериум на почетокот на врската., додека физичката атрактивност во подолгите врски и бракот се смета за мистериозна.

Според едно спроведено истражување од страна на Journal of Family Psychology во кое учествувале 82 пара покажало дека при проблемите со кои се соочуваат жените, третина од паровите во кои жените биле поатрактивни од мажите ја добиле нивната поддршка и помош. Другата третина во која мажите се попривлечни ги оставале сми да си го решат својот проблем и не им помагале, а во третата група биле оние кои се приближно исто атрактивни и нив им требало малку повеќе разговор и убедување за да се соочат со проблемите.

Според тоа се дошло до заклучок дека оние мажи кои покрај себе имаат поатрактивна жена, ќе направат сè за да ја задржат и ја нудат сета своја помош и поддршка, а токму тоа е она што го бара секоја жена за да остане во таквата врска.

Мажите кои се поатрактивни од своите партнерки, делуваат повообразено и таквите врски брзо пропаѓаат, освен ако жената не е таа што ќе му се потчини на атрактивниот маж, само за да биде покрај него.

Физичката атрактивност не е нешто по што жените очајно трагаат. Она што ним им е потребно е целосна поддршка за да веруваат и да ја одржуваат врската во која се.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава