Силната жена не се заљубува

Силната жена не се фаќа во стапицата на љубовта. Таа само се забавува, флертува и не се врзува. Само слабите жени дозволуваат да ги обземе љубовта.

silnata-zena-ne-se-zaljubuva-01

Силните жени го живеат нивниот живот сами.

Љубовта ве прави мали и зависни. Љубовта ве запира во потрагата по она што го сакате од животот.

Силната жена не се заљубува бидејќи љубовта е емоција, а вистинските жени не чувствуваат ништо.

Вистинските жени ги исклучуваат чувствата. Жените владеат со себе и знаат да се контролираат. Вистинските жени не се слаби, нежни и ранливи, туку моќни, храбри и ладни.

Се изморивте од ваквите правила и цитати, нели?

Јас да. Јас сум уморна и не мислам дека сум единствена таква. Доста ми е од бесконечните контрадикторности кои сами си ги задаваме сосила.

Критики кога сакаме, критики кога не сакаме. Уморна сум од тоа да ми кажува некој како да бидам силна. Што е правилно, а што не е. Што треба да чувствувам, а што да зборувам. Постојано сме осудени за сè што кажуваме и покажуваме. Не можеме да победиме во оваа игра. Затоа сакам да ве замолам да престанеме да ја играме.

Силата нема врска со вашето заљубување, туку силата има врска со тоа колку брзо ќе успеете да преболите една врска и да можете повторно да се заљубите. Силата се мери со интегритетот кој го внесувате во вашиот живот.

Силата значи да знаете што сакате, да се борите со сите сили за животот кој сакате да го живеете, без разлика дали крајната цел ви е да станете претседател на државата или да останете дома и да се грижите за семејството.

Силата значи да живеете по сопствени правила, да ги игнорирате сите кои не веруваат во она кон што целите, а вие се гордеете. Силата значи да чекорите храбро со она во кое верувате, што и да е, без разлика на сè.

Јас верувам во љубов и верувам во мојата сила. За мене држењето за рака, прегратките, потребата од нечие присуство се најубавите нешта.

Со покажувањето на чувствата ги покажувате и вашите вредности. Да се биде силна значи да се стават срцето и желбите на граница на ризикот, да се ризикува сè без гаранција за нешто возвратено, бидејќи знам дека кога сè ќе заврши ќе успеам повторно да се вратам и да почнам од почеток.

Знам дека можам истовремено да бидам и тажна и исплашена и силна.

Мора да најдете сопствена дефиниција за сила и да ја докажувате секојдневно.

Најголема глупост е дека силната жена не се заљубува. Престанете да го кажувате тоа. Силната жена се прифаќа себеси и се разбира. Таа го покажува секој свој момент и на болка и на триумф.

Силните жени не се сами и не се плашат да бидат повредени. Тие се скршени илјадници пати и секојпат успевале повторно да се издигнат и да чекорат гордо, за разлика од оние кои седат на сигурно судејќи за нивните избори.

Не сте силни ако се криете, заштитувате и плашите од туѓите критики или дека некој ќе ве нарече слаби. Силата се гледа во покажувањето. Силата е во борбата за животот кој го сакате без разлика на сè и на сите.

Силните жени се вљубуваат или не се вљубуваат. Силните жени работат на моќна позиција или се домаќинки. Силните жени имаат едно нешто заедничко: Тие одлучуваат за животот што го сакаат и се борат за него. Силните жени играат по свои правила и тоа е единствената важна дефиниција.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава