4 неточни митови за женската вагина: Ананасот го подобрува вкусот?!

Како што и многу доктори потврдија, не е докажано дека било која храна може да го подобри вкусот на вашата вагина, ниту пак постои еден нормален облик на женскиот полов орган.

4-netocni-mitovi-za-zenskata-vagina-ananasot-go-podobruva-vkusot-01.jpg

Мит број 1: Ананасот го подобрува вкусот таму долу

Без оглед на тоа каде и од кого сте го слушнале ова, токму овој мит се смета за најраширен и популарен. За жал, далеку е од вистината. Досега не е докажано дека било која храна може да го подобри вкусот на вашата вагина.


Мит број 2: Вагината би требало да изгледа на одреден начин

Не, не се сите вагини исти, ниту постои „совршена“ на која сите би требало да личат. Срамните усни се разликуваат од жена до жена и не постојат неправилни усни. Сечии се поинакви и сите се подеднакво нормални.


Мит број 3: Вагината мора темелно да ја миете

Она што е важно да не го заборавите е фактот дека миењето на вагината ја менува природната pH вредност, односно ја исфрла од рамнотежа. Затоа, би требало да се задржите до основата - нежен сапун и вода. Агресивните средства како гелови и парфимирани производи оставете ги за другите делови на телото. Оној благ мирис на вагината е сосема нормална работа, но ако забележите нешто посилен непријатен мирис, веројатно се работи за инфекција, не за недоволна хигиена.


Мит број 4: Премногу секс ја растегнува вагината

Единствената работа која може да ја прошири вагината е породувањето. Што значи, оваа бесмислица од која веројатно и вие како жена се плашите - слободно може да ја заборавите затоа што не е никако издржана и докажана.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава