Џентлмен или насилник: Погледнете му ги прстите и откријте каков е

Едно истражување открива дека релативниот однос во должините на домалиот прст и показалецот кај мажите укажува на тоа какво однесување имаат кон жените.

dzentlmen-ili-nasilnik-pogledneti-mu-gi-prstite-i-otkrijte-kakov-e-01.jpg

Покрај себе имате човек кој е многу пристоен и културен? Вашиот најблизок пријател и соседот кој е на чекор од вас се вистински џентлмени. Сепак не избрзувајте со заклучоците. Тоа што секогаш ви помагаат со тешките предмети или утринското кафе не е дека се само добро воспитани. Во нивното пристојно однесување главна улога игра и физиологијата. Одговорот се крие во нивните дланки.

Таков е случајот и со вашиот партнер. Погледнете во неговите дланки. Тие имаат да ви кажат нешто повеќе за тоа како и во иднината ќе се однесува кон вас.

Имено, најновите истражувања покажуваат дека нивоата на тeстостерон дирекно влијаат на физиономијата на прстите. Психијатарот Сајмон Јанг од Универзитетот МекГил твдри дека, мажите со подолги домали прсти и пократки показалци генерално многу подобро се однесуваат кон жените.

Истражувањето е направено на тој начин што на 155 мажи на возраст од 18 до 54 години, им бил следен социјалниот живот. Сите испитаници морале да ги забележат сите интеракции кои траеле подолго од пет минути и да го опишат карактерот и однесувањето на другата личност и секако меѓу другото им била измерена и должината на прстите.

Мажите со подолги домали прсти почесто се пристојни, љубезни, насмеани и подготвени се за компромис и сочувство. Овие мажи се подруштвени и во текот на својот живот поголема е веројатноста дека ќе имаат повеќе деца.

Мажите со иста должина на домалиот прст и показалецот се критички настроени кон жените и почесто влегуваат во кавги и расправии. Многу почесто користат повишен тон и сарказам во разговорот.

Уште една дополнителна информација која е откриена во ова истражување е следново. Внимавајте на домалиот прст на вашиот драг затоа што тој исто така укажува и на можноста за неверство и афери. Ова е откриено во истражувањата на универзитетот Оксфорд.

Во овој случај и за двајцата партнери важи истото, значајно подолгите домали прсти укажуваат на поголема шанса за тоа да откако ќе стапат во брак или воопшто имаат долги врски да погледнат и на страна, додека пак оние личности кои се со еднаков домал прст и показалец, преферираат моногамија и вероност.

Би можело да ве интересира:

Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
10 фрази кои на мажите им влијаат позитивно на психата (и треба да им ги кажете) „Ти благодарам што го направи тоа за мене“ - Клучната состојка на долгите врски ...
14 потсетници за сингл жените, во пресрет на Денот на вљубените Кога сте сингл, можете целосно да си се посветите на себе – искористете го ова. ...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg