9 најчести грешки кои ги прават мажите при користење на кондомите

Дури 50-тина истражувања во последните 16 години се направени за тоа како и кои се грешките при употребата на кондомите. Универзитетот во Индијана дошол до прилично интересни сознанија за тоа кои се најчестите грешки при употребата на кондоми.

9-najcesti-greshki-koi-gi-pravat-mazite-pri-koristenjeto-na-kondomi-01.jpg

Ова се 9-те најчести грешки кои се практикуваат, а можат да ве доведат до несакана бременост и полови болести.


1. Предоцна го користат кондомот

Околу 50% од сексуалните односи се започнати без кондом и истиот се става откако мажите започнале со пенетрација. Ваквиот начин на употреба веројатно ќе ве заштити од несакана бременост, но во ниту еден случај нема да помогне при заразувањето од полови болести.


2. Прерано се вади

Меѓу 13,6% и 44,7% од мажите кондомот го вадат и пред целосното завршување на сексуалниот однос. Во овој случај дефинитивно не сте заштитени ниту од полови болести, ниту од од несакана бременост.


3. Не го навлекуваат кондомот до крај

Оваа навика ја имаат меѓу 25% од мажите, а истата е одличен начин за пукање на кондомот или целосно вадење на истиот.

9-najcesti-greshki-koi-gi-pravat-mazite-pri-koristenjeto-na-kondomi-2.jpg

4. Забораваат да остават празен простор на врвот

Меѓу 24% и 45% мажите признаваат дека понекогаш целосно го навлекуваат кондомот и не оставаат празен простор на врвот. Повторно постои ризик од пукање на кондомот и секако од непожелните последици на бременост или некаква полова болест.


5. Забораваат да го истиснат воздухот

Околу 48% од мажите признаваат дека заборавиле барем еднаш да го истиснат воздухот од врвот на кондомот пред да го навлечат. Ова е уште еден многу ризичен начин на кој кондомот може да пукне.


6. Го отвараат кондомот со остри предмети

Дури 11% од мажите кога го отвараат кондомот се одлучуваат тоа да го сторат со помош на некаков остар предмет. На овој начин се ризикува кинење и на кондомот, а не само на пакувањето.

9-najcesti-greshki-koi-gi-pravat-mazite-pri-koristenjeto-na-kondomi-3.jpg

7. Не користат лубриканти

Веројатно не ви е јасно зошто постои неопходност од употреба на лубриканти. Станува збор за подолготрајниот сексуален однос. Тука поголема е веројатноста за пукање на кондомот, а оваа навика ја немаат околу 16% и 25% од мажите.


8. Повеќекратна употреба на кондомот

Прилично грда и нехигиенска навика но, неа ја поседуваат 3,3% од мажите. Истиот кондом не може да се користи повеќе од еднаш. Покрај тоа што секако не е хигиенски, туку и постои ризикот од оштетување на кондомот и негово пукање.


9. Кондомите ги чуваат на погрешни места

Помеѓу 3,3% и 19,1% од мажите признаваат дека кондомите ги чуваат кондомите во непогодни услови. Истите или директно се изложени на сонце или топлина. Вториот фактор подразбира чување во паричник. Во секој случај постои можност да се оштети латексот и кондомот многу брзо и лесно да пукне при сексуалниот однос. Најдобар начин на чување на кондомот е на темно, суво и ладно место.

9-najcesti-greshki-koi-gi-pravat-mazite-pri-koristenjeto-na-kondomi-5.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава